Неокази — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба
Неокази се наоѓа југоистично од Пробиштип, на оддалеченост од 4 км од градот, на десната страна од Злетовска Река. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 450 м. Селскиот атар не е голем и зафаќа површина од 5,8 км2.
Историја
Во XIX век, Неокази се наоѓало во Штипската Каза, во Отоманското Царство.
Во текот на Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 383.
Стопанство
Во атарот на селото има земјоделско земјиште на површина од 546 ха, од кои 306 ха се обработливо земјиште, 234 ха се пасишта и 6 ха шуми.Населени места во Општина Пробиштип — Неокази, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Неокази имало 70 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Неокази имало 80 жители Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 95 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 36, а бројот на живеалишта 60.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 51 Македонец, 1 Србин и 4 лица без податоци.
Родови Неокази е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелци: Басаци (4 к.), Нешовци (4 к.) и Илиовци (4 к.) Доселеници: Бутачовци (5 к.) доселени се од селото Петршино; Џалевци (6 к.) доселени се од селото Трогерци; Балванци (3 к.) доселени се од Балван кај Штип; Лазаровци (5 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Плешенци; Гавриловци (4 к.) доселени се од селото Петршино; Јосифовци (4 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка.
Самоуправа и политика
мини|250п|десно|Патот кој води од Петршино до Неокази со куќи на влезот од селото
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Неокази, се наоѓале и селата Горни Стубул, Гризилевци, Добрево, Долни Стубул, Дренак, Калниште, Кундино, Маријино, Петрушино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1543 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.
Културни и природни знаменитости
Споменици Спомен-плоча посветена на првоборецот Јаким Спировски.Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја , официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
Личности
Родени во Неокази Чедомир Саздовски — политичар и доктор по кинезиологија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Пробиштипски села Категорија:Села во Општина Пробиштип