Централната статистичка служба (швед. Statistiska centralbyrån или SCB, меѓунар. име: Statistics Sweden) е владина агенција во Шведска задолжена за добивање, обработка и објавување на статички податоци во земјата. Службата датира од 1686 кога црковните парохи почнале да прибираат и евидентираат податоци за населението. Претходник на сегашната установа е Службата за табели (Tabellverket), основана во 1749. Денешното име е усвоено во 1858 г.
Агенцијата има околу 1.400 вработени. Сместена е во два града: Стокхолм и Еребру. Установата објавува и службен статистички билтен.
Поврзано Демографија на Шведска Евростат
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Демографија на Шведска Категорија:Организации во Шведска Категорија:Управување со Шведска Шведска, Централна Статистичка Служба