Евридика I — родена околу 410 г.п.н.е. (била кралица во периодот 393/2–370/69 г.п.н.е.),Р. Илјовски, Кој и кога владеел со Македонија, Скопје, 2003. прва жена на Кралството на Македонците, која оставила силен печат врз владеењето на нејзиниот сопруг Аминта III.
Нејзиното потекло е од Линкестида и е ќерка на горномакедонскиот владетел Сира, од познатото „Племе на рисовите“, или поточно од Четвртото македонско кралство, основано во денешниот битолски крај.
Македонскиот крал Архелај војувал со линкестискиот владетел Арабај и со Сира за превласт во Македонија. Архелај бил убиен во лов, а со тоа се јавиле и борби за македонскиот престол. По краткото владеење на Аероп II и Павзаниј, на власт застанува Аминта III. Евридика на 15 години му станала прва жена на Аминта III и му родила четири деца: ќерка Евриноја и синовите Александар II, Пердика III и легендарниот Филип II.
Наводи
Категорија:Аргеадска династија Категорија:Кралици на Античка Македонија Категорија:Починати во непозната година