Багвалалскиот јазик, или познат како багвалилски јазик, е кавкаски јазик од подгрупата на аварско-андски јазици од групата на североисточни кавкаски јазици. Јазикот се зборува во југозападен Дагестан по текот на реката Анди-Коису во близина на границата со Грузија. Јазикот е сроден со тиндиски јазик. Според истражувањето на Корјаков во 2006 година, јазикот го зборувале околу 6.5000 жители.

Багвалалскиот јазик е усмен јазик, не се користи како пишан. Како пишани јазици се користат рускиот или аварскиот јазик, а багвалалскиот се користи во домот.

Наводи

Поврзано Кавкаски јазици Североисточни кавкаски јазици

Надворешни врски Луѓето од Црвената книга: Багулали

Категорија:Североисточнокавкаски јазици Категорија:Загрозени јазици во Азија Категорија:Јазици во Русија