мини|десно|300п|Домот на академијата во Кембриџ, Масачусетс
Американска академија на уметностите и науките () — независен истражувачки центар кој врши повеќедисциплински изучувања на сложени и престојни проблеми од разни области. Членовите на академијата се предводници во академските дисциплини, уметностите, деловното работење и јавниот сектор.
Историја Академијата е основана во 1780 во Бостон за време на Американската револуција. Нејзини основачи се општествениците Џејмс Боудин, Џон Адамс и Џон Хенкок. Според повелбата, академијата има за цел да „[ги] негува сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблестен народ“. Во основањето учествувал и правникот Роберт Трит Пејн и начелници на 58 месни заедници. Меѓу првите членови на академијата се вбројуваат разни истакнати дејци како Бенџамин Френклин, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Александар Хамилтон.
Дејност Денес академијата е сместена во Кембриџ, Масачусетс. Во состав на нејзината дејност, академијата приредува конференции, организира истражувачки проекти и го објавува тримесечникот Dædalus („Дедал“). Има околу 4.000 академици и 600 странски почесни членови. Околу 200 члена се добитници на Нобеловата награда.
Поврзано Рамфордова награда
Надворешни врски
Тековни членови на академијата
Категорија:Научни друштва во САД Категорија:Уметнички организации
Категорија:Организации во САД САД