Баштево — село во Општина Крива Паланка. Селото се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е дел од географската област Славиште.
Географија и местоположба Селото Баштево се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е од разбиен тип. Географски е дел од областа Славиште. Селото се наоѓа во подножјето на планината Герман на десниот брег на Баштевска Река. Јужно од селото се наоѓа селото Длабочица, источно е селото Габар, северно е Метежево, а западно е Општина Ранковце. Од градот Крива Паланка селото е оддалечено 16,5 км.
Историја Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката Каза на Отоманското Царство.
По Првата светска војна селото имало 489 жителиСписък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29..
Стопанство Атарот зафаќа простор од 7,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 300,2 ха, на пасиштата отпаѓаат 304,8 ха, а на шумите 71,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Конопница живееле 264 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мождивњак имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Населбата е мала, а со оглед на тоа дека некои маала се наполно раселени, и вкупниот број на населението се намалил. Така, во 1961 година селото броело 214 жители, а во 1994 година само 42 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото има население од 13 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.
Родови
Баштево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Баштево се: Вргинци (3 куќи) староседелци; Риѓани (10 куќи) и Ѓоринци (5 куќи) потекнуваат од двајца браќа Стојан и Ѓоре, доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња. Во родот Риѓани се знае следното родословие: Наско (жив на 70 г. во 1973 година) Јаќим-Павле-Атанас-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Грамадчани (4 куќи) доселени се однекаде; Попиќевци (2 куќи) исто така доселени се однекаде; Качаровци (1 куќа) и они не знаат од кај се доселени; Аџици (1 куќа) доселени се однекаде; Брајановци (3 куќи) најмлад род во селото, доселени се од соседното село Петралица.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Староседелци: Павловци (3 к.), Качарци (1 к.) и Вргинци (5 к.) Доселеници: Ѓоринци (4 к.) доселени се околу 1805 година од селото Сурлица кај Трговиште (Горна Пчиња); Попиќовци (7 к.) доселени се во 1860 година од селото Оризари кај Кочани; Грамаци (5 к.) доселени се околу 1820 година од селото Сурлица кај Трговиште во Горна Пчиња; Брејанци (3 к.) околу 1825 година се одвоиле од својот матичен род (Брејановци) во Петралица; Милошовци или Кокорејци (5 к.) доселени се околу 1835 година од селото Сурлица кај Трговиште во Горна Пчиња; Дидинци (2 к.) доселени се околу 1888 година од селото Тлминци.
Иселеништво Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1953 година:
Од Павловци иселеници има во: Младо Нагоричане кај Куманово (едно семејство од 1921, во 1953 г. се две). и во Црвулево во Општина Карбинци (едно семејство од 1927 година). Од Качарци иселеници има во: Димонце кај Кратово (едно семејство од 1922 година), и во Јабука во Војводина (три семејства од 1946 година). Од Ѓоринци иселеници има во: Романија (едно семејство од 1903 година), Крива Паланка (едно семејство од 1921 година) и во Качарево во Војводина (едно семејство од 1946 година). Од Грамадци иселеници има во: Ерџелија во Овче Поле (едно семејство од 1923 година) и во Качарево во Војводина (три семејства од 1946 година). Од Брејанци иселеници има во: Горобинци во Овче Поле (едно семејство од 1920 година). Од Кокорејци иселеници има во: Горобинци во Овче Поле (едно семејство од 1923 година) и во Качарево во Војводина (едно семејство од 1946 година).
Поврзано Славиште Општина Крива Паланка Крива Паланка
Наводи
Надворешни врски Месни заедници на Општина Крива Паланка на официјалната страница. Сателитска снимка на Баштево на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Крива Паланка