Отошница — село во Општина Ранковце, североисточна Македонија.
Географија и местоположба
мини|лево|300п|Поглед на маалото крај главната селска црква
Селото се наоѓа во долината на Отошничка Река, која е десна притока на Крива Река. Двете долински страни — Осојна и Присојна кои се делумно обработени од населението се спуштаат благо кон реката.
Отошница се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце, чиј атар допира до соседната Општина Старо Нагоричане. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ридско-планински карактер. Селото е од разбиен маалски тип. Атарот на селото зафаќа простор од .
Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 5 километри. До селото има асфалтен пат, кој е во добра состојба. Селото не е поврзано со директен автобуски превоз.
Историја
Селото потекнува од доцното античко време на што укажуваат пронајдените Археолошки наоѓалишта. Пишан доказ за Отошница има од средниот век, кога извесен Властелин Влатко го приложил селото, а на 25 март 1355 година тоа го потврдил и цар Душан на Хиландар.
На крајот на XIX век Отошница спаѓало во Кривопаланечката каза на Османлиското Царство.
Стопанство
Главно населението се занимава со сточарство и полјоделство. Сточарството е насочено кон одгледување на говеда и овци. Во селото нема никакви стопански објекти.
Од 2015 година, на земјиште во атарот на селото разни концесионери на државно земјиште почнале да засадуваат големи насади на лешници, круши и вишни.
Воедно, во селото е присутно и пчеларството, каде се чуваат околу 1500 пчелни семејства.
Население
Бројот на семејства во Отошница се движел во 1921. г. — 84, 1948. г. — 113, 1961. г. — 128 и 1971. г. — 118 семејства.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.
Во селото според податоците од пописот во 2002 година живеат 105 жители, сите Македонци. Сите жители припаѓаат на православната религија.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 60 Македонци и 1 лице без податоци.
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Староседелци: Палигорци (5 к.), Мишаци (2 к.), Пејчиновци (2 к.), Станковци (1 к.), Симонци (3 к.), Кмеци (8 к.), Кара Николци (4 к.), Трајановци (3 к.), Крстевци (3 к.), Гаванци (2 к.), Ишмарци (2 к.), Додинци и Ристинци (6 к.), Прцаци (1 к.), Стојкарци (3 к.), Мандарци (2 к.), Чуљковци (3 к.), Пајковци (1 к.), Пчеларци (3 к.), Бојници (3 к.), Дедо Петковци (1 к.), Димковци (3 к.), Диминци (4 к.), Маљаци (3 к.), Аначковци (3 к.), Вукашинци (5 к.), Чупаци (3 к.) и Јужарци (2 к.) Кортопелци или Џукелци (7 к.) се доселени околу 1860 година од селото Златокоп Врање Доселеници: Стајковци или Давидовци (16 к.) доселени се од некое село Стајаково кај Куманово (?) (можеби од селото Стакевци кај Прешево ?); Коларци (3 к.) доселени се околу 1855 година од селото Думановце кај Куманово; Богојци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Опила; Баба Јанинци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Гулинци; Марковци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Ранковце.
Општествени установи
Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Отошница се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓа во рамките на истоимената општина.
Културни и природни знаменитости
мини|десно|300п|Селската црква „Св. Јован Крстител“ мини|десно|300п|Поглед на Отошничко Езеро, сместено над селото
Цркви Црква „Св. Јован Крстител“ — главната селска црква која потекнува од век
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Аниште — населба од доцноантичко време; Градиште — градиште од доцноантичко време; Грамади — населба од доцноантичко време; Лиске — населба од доцноантичко време; Могила — некропола од римско време;
Реки Отошничка Река
Езера Отошничко Езеро — вештачка акумулација на Отошничка Река со цел наводнување на земјоделското земјиште, но во летниот период се користи како излетничко-рекреативно место од околните жители.
Редовни настани
Свети Јован (20 јануари) — главна селска слава
Личности
Стефан Алексов — член на доброволните чети од Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 20. Драган Митевски (р. 1949) — политичар и пратеник во Македонското Собрание; Киро Станковски (1944-2013) — сликар;
Наводи
Надворешни врски
Рибарски приказни за Отошничкото Езеро
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Ранковце