Горна Нормандија (, ; нормандски: Ĥâote-Normaundie) е еден од 27 региони на Франција. Регионот се состои од два департмана: Приморска Сена и Ер а формиран е при регионалната поделба во Франција од 1956 при што Нормандија била поделена на Долна Нормандија и Горна Нормандија.
Историја Во 911, со Договорот од Сен-Клер-сир-Епт, викиншкиот водаш Ролон склучил спогодба со каролиншкиот крал Карло Простиот, со кој му било овозможено да ја чува грофовијата Руан од наездите на други викиншки племиња, која пак е речиси истата територија на денешна Горна Нормандија. Во 18 век кулминира трговијата со црно робје. Тоа го искористила буржоазијата на Авр, на Раен за свое богатење. Во градовите почнала да се развива обработката на памук и се поствиле основите на една нова Индустриска револуција. Мануфактурите никнувале во предградијата на Руан. Ваквите промени биле во корист на источна Нормандија (денешна Горна Нормандија.
Во тек на регионалната поделба, од 1956, петте департмани биле поделени во два административни региони: Горна и Долна Нормандија. Иако не станува збор за истите граници, со ваквата поделба се направила едно разграничување кое има свои корени уште во 16 век, ако не и во 14 век.Мишел де Боуард , p.268-269.
Географија Горна Нормандија се наоѓа во западниот дел на Франција. Главен град на регионот е Руан кој брои околу 110.000 жители и кој претставува важен историски центар со убави цркви и зачувана архитектура, вклучително и највисоката катедрала во Франција а најголем град на регионот е градот Авр со околу 180.000 жители. Најголема река во овој регион е Сена
Поголеми центри
Дјеп Евре Фекам Голем Кевији Авр Мал Кевији Мон-Сен-Ењан Руан Сент Етјен ди Рувр Сотвил ле Руан
Стопанство
Стопанството на овој регион е фокусирано околу земјоделието, индустријата, хемиската индустрија и туризмот.
Во XVIII и XIX век се развило производството на памук а воедно и металургијата, благодарение на надворешни капитали. Во 20 век во околината на Долна Сена се отвориле хемиски фабрики, рафинерии и фабрики за производство на автомобили. Во 2003 година, со околу 6.000 вработени, прв работодавач била групацијата Рено. Регионот околу главниот град Авр покрива повеќе од половина од севкупното француско производство на пластика и 80 % од производството на адитиви и масла; повеќе од 3 500 научници работат во јавните или приватните лаборатории. Поради тоа дека е центар на хемиската индустрија во Франција, во Горна Нормандија присутни се и голем дел од интернационалните мултинационални хемиски компании: Exxon Mobil, Total , Esso, Chevron Oronite SA ; а во Сандовил, компании како Goodyear chemicals Europe.
Во регионот работат и две атомски централи : Пенли и Палиел
Приказ низ статистички податоци Бруто-домашен производ за 2002 : 41,5 милијарди евра Стапка на невработеност : 10,5 % (декември 2003)Состојбата на француските региони во 2004, стр. 189 60 % од вкупното француско производство на масла, 50 % пластика, 30 % возила Четврти регион во Франција по однос на севкупната француска надворешна трговија Прв регион во Франција по однос на производство на лен Шести регион во Франција по однос на постигнувањата во научно-истражувачка дејност
Гастрономија
Самата географска положба на Нормандија ја детерминира и кујната која изобилува со земјоделските односно млечните производи (сирење, путер), а воедно и со морска храна (риби, школки, ракови). Во кујната на Нормандија воедно битно место заземаат сирењата, путерот и павлаката кои се користат во голем број нормандски специјалитети. Се користат воедно и разновидни зеленчуци а од овошјата крушата и јаболкото заземаат мошне важно место. Јаболкото воедно се користи и за производство на сокови или алкохолни пијалаци (калвадос, цидра и сл.)
thumb|right|180px|Сирење Нешател
Сирење, путер, крем : Бурсен (Boursin) — вид меко кремасто сирење произведено од кравјо млеко, Нешател (Neufchâtel) — меко кравјо и едно од најстарите нормандски типови сирење, Брија-саварен (Brillat-savarin) — вид кравјо сирење Каре де Бре (Carré de Bray) Кормеје (Cormeillais) Екселсиор (Excelsior) Ден де сјекл (Fin de siècle) Пети суис (Petit-suisse)
Пијалаци: Бервијез Нормандска цидра Сок од јаболко Калвадос Бенедиктин Нормандски пива
Збратимени градови Горна Нормандија е збратимена со: Лондонскиот округ на Редбриџ, Велика Британија
Поврзано Музеи во Горна Нормандија
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Поранешни региони во Франција Категорија:Историски области во Франција Категорија:Нормандија Категорија:Држави и територии настанати во 1956 година Категорија:Држави и територии распаднати во 2015 година