Прва балканска војна — воен судир помеѓу Османлиското Царство и членките на Балканскиот сојуз: Царство Бугарија, Кралство Србија, Кралство Грција и Кралство Црна Гора. Војната започнала на 25 септември (8 октомври по нов стил) 1912 година и завршила на 17 мај (30 мај по нов стил) 1913 година со победа на сојузниците.

Сојузничката победа ставила крај на петвековната османлиската доминација на Балканскиот Полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците. Османлиското Царство ги изгубила своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со источна Македонија потпаднале под бугарска власт. Српската војска ги освоила Косово и Метохија, северозападна Македонија и во други области, Грција - поголемиот дел на Епир, бројни острови во Егејското Море и југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор била создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии каде што живеле во една политичка целина останало неостварено.

Антагонизмот и претензиите над Македонија помеѓу балканските држави довеле до раскинување на Балканскиот сојуз и започнување на Втората балканска војна. Според Карнегиевата анкета, причини за започнување на Првата балканска војна биле: военото и политичкото ослабување на Османлиското Царство, угнетувањето на христијаните, неуспешната борба на Македонската револуционерна организација, противречностите помеѓу големите сили и стремежот на балканските држави за завладување на нови територии.

Заднина

Берлински конгрес

150px|мини|лево|Ото фон Бизмарк thumb|350px|Антон фон Вернер. Берлински конгрес. Некои од големите сили, особено Австроунгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок.

Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Ото фон БизмаркKrasner, Stephen D. (1999). „Sovereignty: Organized Hypocrisy“. Princeton University Press. стр. 165. ISBN 069100711X..

На Конгресот било одлучено: на Отоманското Царство да ѝ бидат вратени Македонија и Одринска Тракија, а територијата на Бугарија е околу трипати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор.

Од остатокот од територијата на Санстефанска Бугарија, односно Источна Румелија потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област; Србија, Црна Гора и Романија да добијат независност; Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманското Царство; Босна и Херцеговина ѝ била доделена на Австроунгарија. По Берлинскиот конгрес, Солсбери, Роберт Гаскон-Сесил истакнал:

На овој начин моќта на Отоманското Царство во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското Царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австроунгарија. Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна.

Источно прашање

Во текот на 19 век, големите сили имале различни погледи за решавање на т.н. „Источно прашање“ и интегритетот на Отоманското Царство. Руското Царство се стремело да воспостави контрола над Босфорот и преку него да си обезбеди излез на Средоземното Море, руската влада водела пансловенски надворешна политика и ги поддржувала Бугарија и Србија. Велика Британија од своја страна сакала да го спречи Руското Царство да излезе на Средоземното Море и залагала за зачувување на Османлиското Царство и статус кво. Еден француски историчар во 1898 година истакнал:

Австроунгарија имала агресивна политика кон Балканот. Откако Хабсбурзите ја изгубиле Италија, Монархијата немала основа за создавање на колнијално царство, Австроунгарија реално можела територијално да се прошири само на Балканскиот Полуостров, нивна стратрешка цел е освојување на Солун и излегување на Егејското Море. Од тактички причини, Хабсбурзите се залагале за зачувување на Отоманското Царство со цел добивање на време за остварување на своите планови. Една од главните цели на Италија е да недозволи некоја од големите сили да добие пристап на Јадранското Море. Германија се стремело за зачувување на суверенитетот и инегритетот на Османлиското Царство со цела да ја претвори во своја колонија.

Македонско прашање

Фердинанд I|мини|лево|150п thumb|350п|десно|Македонското население според австриска статистика Кон крајот на 19 и почетоко на 20 век, особено било актуелно Македонското прашање околу кое се кршеле копјата на балканските држави. Бугарија, Србија и Грција имале свои пропаганди на територијата на Македонија со цел да биле придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Покрај пропагандната дејснот, била водена и жива дипломатска активност по ова прашање.

На 6 април 1896 година, штотуку признатиот бугарски кнез Фердинанд I се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевиќ. Фердинанд ја истакнал потребата од српско-бугарско зближување за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека Србите и Бугарите се расправале за раженот, зајакот сè уште бил во шума. Во контекст на тоа Фердинанд истакнал:

Тој понудил формирање на сојуз во кој, според него, требало да влезат Бугарија, Србија и Црна Гора, но бил против влегувањето на Грција, сметајќи дека таа сака да го искористи српско-бугарскиот антагонизам и да приграби голем дел од Македонија. На 1 март 1897 г. во Софија пристигнал српскиот крал со својата делегација. Два дена подоцна бил потпишан договорот меѓу кралството Србија и кнежевството Бугарија, а договорот предвидувал:

1) Двете влади договорно да ги разгледуваат прашањата од заеднички интерес на српскиот и бугарскиот народ во Османлиското Царство 2) Ниедна од договорните страни, без претходна согласност на другата, да не презема ништо на политички и воен план што ќе го наруши постојното статус кво 3) Додека заемно не се утврдат српските и бугарските интерси на национален, црковен и просветен план во Отоманското Царство, двете страни да не си пречат, туку заемно да си помагаат 4) Со спогодбата да се запознае кнезот на Црна Гора и да се покани и тој да пристапиВанчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...

По потпишувањето на договорот, Србија постојано барала поделба на Македонија 50:50 и, според Белград, териториите западно од реката Вардар требало да ѝ припаднат на Србија заедно со Скопје и Куманово, а источно од Вардар на Бугарија, додека Солун требало да се наоѓа под заедничка управа. Меѓутоа, српско-бугарските односи биле влошени поради бугарскиот трговски аген Димитар Ризов од Скопје. Во почетокот на 1899 година, Владан Ѓорѓевиќ во Париз имал средба со бугарскиот дипломатски претставник каде јасно истакнал дека Македонското прашање за Србија претставува борба за живот или смрт. Тој исткнал дека ако Србија и Бугарија не се договорат околу Македонија, тогаш Србите ќе си го земат она што им припаѓа. Овој став, од страна на Александар Обреновиќ му бил презентиран и на Шишманов, бугарскиот дипломатски претставник во Белград. Набргу потоа, Шишманов имал аудиенција кај Милан. Во текот на средбата, Милан истакнал:

Поради развојот на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на XX век грчката влада во Атина сметала дека нејзините интереси во Македонија се згрозени, отука Грците искажале готовност во помагање на Османлиите за уништување на Македонската револуционерна организација. Во 1900 година, овој став во Цариград бил изнесен од Маврокордатис пред османлиските власти. Од своја страна грчкиот конзул во престолнината на Османлиското Царство, Евгенијадис сметал дека Македонија треба да остане под османска власт сè додека грцизмот не успее таму да ја заземе власта. Во 1903 г., поради случувањата во Македонија дошло до влошување на односите меѓу Бугарија и останатите балкански држави. Францускиот амбасадор во Лондон - Кабон, по средбата со српскиот крал и романскиот дипломатски претставник, истакнал:

Српскиот крал на средбата со Кабон се искажал: против сите опции за Македонија. Против делење, против автономија, бидејќи не сакал да види реприза на Источна Румелија и против реформи спроведени од страна на големите сили... да види војна меѓу Бугарија и Турција, со што Бугарија би добила една лекција за наредните 25 години да не помисли да се меша во Македонија.

Во текот на Илинденското востание, црногорскиот кнез Никола имал средба со бугарскиот дипломатски претставник во Цетиње. На оваа средба, кнезот истакнал дека Црна Гора може да покрене 50.000 војници против Османлиското Царство, а Србија, Бугарија и Црна Гора би можеле заедно да изведат 500.000 војници. Меѓу другото, кнезот сметал на руска, англиска и италијанска помош и така би го решиле македонското прашање со делба или автономија. Во текот на 1903 г. дошло до затегнување на турско-бугарската граница. За да се нормализираат односите, во октомври 1903 г., во Цариград бил испратен Григор Начовиќ. Под притисок на големите сили, двете држави започнале преговори, а Фердинанд, под притисок на Германија, се откажал од барањето за спроведување на реформи во Одринско. Од овие преговори произлегла Бугарско-турска спогодба од 1904 г.

По Илинденското востание било евинденто дека македонскиот народ предводен од Македонската револуционерна организација тргнал по свој сопствен пат кој не се вклопувал во визиите на балканските држави за иднината на Македонија. Отука тие ја засилиле вооружената пропагандна и започнала т.н Борба за Македонија која траела сè до Младотурската револуција. Овој конфликт е кулминацијата од дејствувањето на трите поголеми пропаганди во Македонија, кој работеле за остварување на националистичките планови на нивните држави, а од другата страна била Македонската револуционерна организација, таа се залагала за самостојно работење и борба за извојување на човекови права и слобода преку едно внатрешно востание.

Врховистичките, грчките и српските чети ја имале поддршката на Бугарија, Грција и Србија, а грчките чети, поради отворениот Турцизам, ја имаале наклонетоста и на самата Империја, но андартите често се откажувале од помошта на османлиската војска и се здружувале со четите на Српското четничко движење. На територијата на Македонија грчките чети се судрувале и со Власите кај кој била силна романската пропаганда како и со дејците на албанското националноослободително движење. Во текот на Младотурската револуција во Македонија, според турските извори, имало околу 110 чети на Македонската револуционерна организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети.

Босанска криза

Во 1908 г., австрискиот министер Алојз Лекс фон Ерентал ја анектирал Босна и Херцеговина. Оваа област, врз основа на Берлинскиот конгрес, била под австриски мандат, но формално-правно таа сè уште била дел од Османлиското ЦарствоTHE BALKAN WARS 1912–1913. Областа била анектирана без консултации со останатите големи сили. Франц Јосиф I во царска прокламација од 7 октомври 1908 истакнал:

Кралството Србија од стратешки интереси имала територијални претензии кон оваа област. Србија извршила мобилизација и ја повикала Русија на помош, Австроунгарија се обратила кон Германија. Со тоа е создала првата криза која ја тресела Европа во почетокот на XX век.