мини|Кристали од серандит, натролит, аналцим и агирин од Мон Сен-Илер, Квебек, Канада Во геологијата и минералогијата, минерал или минерален вид — цврста супстанца со прилично добро дефиниран хемиски состав и специфична кристална структура што се јавува природно во чиста форма.John P. Rafferty, ed. (2011): Minerals; p. 1. In the series Geology: Landforms, Minerals, and Rocks. Rosen Publishing Group.
Геолошката дефиниција за минерал нормално ги исклучува соединенијата што се јавуваат само кај живите организми. Сепак, некои минерали често се биогени (како калцит) или хемиски органски соединенија (како мелит). Покрај тоа, живите организми често синтетизираат неоргански минерали (како хидроксилапатит) кои се јавуваат и во карпите.
Концептот на минерал е различен од карпата, која е секој цврст геолошки материјал во голема маса кој е релативно хомоген на доволно голема скала. Карпата може да се состои од еден вид минерал или може да биде агрегат од два или повеќе различни видови минерали, просторно одвоени во различни фази.
Некои природни цврсти супстанции без дефинирана кристална структура, како што се опалот или обсидијанот, поточно се нарекуваат минералоиди.Austin Flint Rogers and Paul Francis Kerr (1942): Optical mineralogy, 2nd ed., p. 374. McGraw-Hill; . . Доколку хемиското соединение се јавува природно со различни кристални структури, секоја структура се смета за различен минерален вид. Така, на пример, кварцот и стишовитот се два различни минерали што се состојат од истото соединение, силициум диоксид.
Меѓународното минералошко здружение (ММЗ) е општо признато стандардно тело за дефиниција и номенклатура на минерални видови. Според податоци од 2025 година, ММЗ признава 6.145 официјални минерални видови.
Хемискиот состав на именуван минерален вид може малку да се менува поради вклучувањето на мали количини на примеси. Специфичните видови на еден вид понекогаш имаат свои конвенционални или официјални имиња. На пример, аметистот е виолетова варијанта на минералниот вид кварц. Некои минерални видови можат да имаат варијабилни пропорции на два или повеќе хемиски елементи кои зафаќаат еквивалентни места во структурата на минералот; на пример, формулата на макинавит е дадена како , што значи , каде што x е променлив број помеѓу 0 и 9. Понекогаш минерал со променлив состав се дели на посебни видови, повеќе или помалку произволно, формирајќи минерална група; тоа е случајот со силикатите , оливинската група.
Освен основниот хемиски состав и кристалната структура, описот на минералниот вид обично ги вклучува неговите вообичаени физички својства како што се хабитус, тврдост, сјај, проѕирност, боја, огреб, расцеп, прелом, систем, зонирање, разделување, специфична тежина, магнетизам, флуоресценција, радиоактивност, како и неговиот вкус или мирис и неговата реакција на киселина.
Минералите се класифицираат според клучните хемиски состојки; двата доминантни системи се Данова класификацијата и Штрунцовата класификација. Силикатните минерали сочинуваат приближно 90% од Земјината кора. Други важни минерални групи вклучуваат природни елементи (составени од еден чист елемент) и соединенија (комбинации од повеќе елементи) имено сулфиди (на пр. галенит PbS2), оксиди (на пр. кварц SiO2), халиди (на пр. камена сол NaCl2), карбонати (на пр. калцит CaCO3), сулфати (на пр. гипс CaSO4 · 2H2O), силикати (на пр. ортоклас KAlSi3O8), молибдати (на пр. вулфенит PbMoO4) и фосфати (на пр. пироморфит Pb5(PO4)3Cl2).
Дефиниции
Меѓународно минералошко здружение Меѓународното минералошко здружение ги утврдило следниве услови за една супстанција да се смета за посебен минерал:E. H. Nickel & J. D. Grice (1998): "The IMA Commission on New Minerals and Mineral Names: procedures and guidelines on mineral nomenclature". Mineralogy and Petrology, volume 64, issue 1, pages 237–263.
Мора да биде природно настаната супстанца формирана од природни геолошки процеси, на Земјата или други вонземски тела. Ова ги исклучува соединенијата директно и исклучиво генерирани од човечки активности (антропогени) или кај живи суштества (биогени), како што се волфрам карбид, уринарни калкули, кристали на калциум оксалат во растителни ткива и школки. Сепак, супстанциите со такво потекло може да се квалификуваат доколку геолошките процеси биле вклучени во нивното настанување (како што е случајот со евенкитот, добиен од растителен материјал; или таранакит, од гвано од лилјак ; или алперсит, од рудничка јаловина). Хипотетичките супстанции се исто така исклучени, дури и доколку се предвидува дека ќе се појават во недостапни природни средини како јадрото на Земјата или други планети. Мора да биде цврста супстанца во својата природна појава. Главен исклучок од ова правило е природната жива: таа сè уште е класифицирана како минерал од ММЗ, иако кристализира само под -39 °C, бидејќи била вклучена пред да се воспостават денешните правила. Водата и јаглерод диоксидот не се сметаат за минерали, иако често се наоѓаат како опфати во други минерали; но водениот мраз се смета за минерал. Мора да има добро дефинирана кристалографска структура; или, поопшто, подреден атомски распоред. Ова својство подразбира неколку макроскопски физички својства, како што се кристалната форма, тврдоста и расцепувањето., pp. 13–14 Исклучува озокерит, лимонит, обсидијан и многу други аморфни (некристални) материјали што се јавуваат во геолошки контексти. Мора да има прилично добро дефиниран хемиски состав. Сепак, одредени кристални супстанции со фиксна структура, но варијабилен состав, може да се сметаат за еден минерален вид. Честа класа на примери се цврсти раствори како што е макинавит, (Fe, Ni)9S8, кој е претежно феро сулфид со значителен дел од атомите на железо заменети со атоми на никел. Други примери вклучуваат слоевити кристали со променливо натрупување на слоеви или кристали кои се разликуваат само во правилниот распоред на празнините и супституциите. Од друга страна, некои супстанции кои имаат континуирана серија на состави, може произволно да се поделат на неколку минерали. Типичен пример е оливинската група (Mg,Fe)2SiO4, чии крајни членови богати со магнезиум и богати со железо се сметаат за посебни минерали (форстерит и фајалит).
Деталите на овие правила се донекаде спорни. На пример, неодамна имало неколку предлози за класифицирање на аморфните супстанции како минерали, но тие не биле прифатени од ММЗ.
Меѓународниот минералошки сојуз сто така не сака да прифати минерали кои природно се јавуваат само во форма на наночестички со пречник од неколку стотици атоми, но не дефинирала минимална големина на кристалот.
Некои автори бараат материјалот да биде стабилна или метастабилна цврста материја на собна температура (25 °C). Сепак, ММЗ бара само супстанцијата да биде доволно стабилна за нејзината структура и состав да бидат добро утврдени. На пример, го препознава меридијанитот (природно присутен хидрат на магнезиум сулфат) како минерал, иако се формира и е стабилен само под 2 °C.
Од мај 2025 година, 6.145 минерални видови се одобрени од ММЗ. Тие најчесто се именувани по личност, проследено со место на откривање; имињата засновани на хемиски состав или физички својства се другите две главни групи на етимологии на имиња на минерали., pp. 20–22, p. 556 Повеќето имиња завршуваат на „-ит“; исклучоци се обично имиња кои биле добро воспоставени пред организацијата на минералогијата како дисциплина, на пример дијамант.
Биогени минерали Тема на спор меѓу геолозите и минералозите е одлуката на Меѓународното минералошко здружение (ММЗ) да ги исклучи биогените кристални супстанции. На пример, Ловенстам (1981) изјавил дека „организмите се способни да формираат разновиден спектар на минерали, од кои некои не можат да се формираат неоргански во биосферата“.
Скинер (2005) ги смета сите цврсти материи за потенцијални минерали и во минералното царство ги вклучува биоминералите, кои според него се оние кои се создаваат преку метаболичките активности на организмите. Скинер ја проширил претходната дефиниција за минерал за да класифицира „елемент или соединение, аморфно или кристално, формирано преку биогеохемиски процеси“ како минерал.
Неодамнешните достигнувања во генетиката со висока резолуција и спектроскопијата на апсорпција на Х-зраци даваат откритија за биогеохемиските односи меѓу микроорганизмите и минералите кои можат да фрлат нова светлина врз ова прашање. На пример, „Работната група за минералогија и геохемија на животната средина“ нарачана од Меѓународното минералошко здружение се занимава со минерали во хидросферата, атмосферата и биосферата. Опсегот на групата вклучува микроорганизми што формираат минерали, кои постојат на речиси секоја карпа, почва и површина на честички што се протега низ целиот свет до длабочина од најмалку 1600 метри под морското дно и 70 километри во стратосферата (веројатно влегувајќи во мезосферата).
Биогеохемиските циклуси придонеле за формирање на минерали во текот на изминатите милијарди години. Микроорганизмите можат да ги таложат металите од растворот, придонесувајќи за формирање на рудни наслаги. Тие исто така можат да го катализираат растворањето на минералите.
Пред да бидат наведени од Меѓународното минералошко здружение, биле откриени, именувани и објавени над 60 биоминарели. Овие минерали (подмножество табелирано во Ловенстам (1981)) се сметаат за вистински минерали според дефиницијата на Скинер (2005). Овие биоминарели не се наведени во официјалниот список на имиња на минерали на Меѓународното минералошко здружение; сепак, многу од овие претставници на биоминарели се распространети меѓу 78-те класи на минерали наведени во моделот за Дановата класификација.
Дефиницијата за минерал на Скинер (2005) го зема предвид ова прашање, наведувајќи дека минералот може да биде кристален или аморфен. Иако биоминералите не се најчестата форма на минерали, тие помагаат да се дефинираат границите на тоа што претставува вистински минерал. Формалната дефиниција на Никел (1995) очигледно ја споменува кристалноста како клучна за дефинирање на супстанција како минерал. Статија од 2011 година го дефинира икосаедритот, легура на алуминиум-железо-бакар, како минерал; именуван според неговата единствена природна икосаедрална симетрија, тој е квазикристал. За разлика од вистинскиот кристал, квазикристалите се подредени, но не се периодични.
Минерален склопување Минералниот асамблаж или склопување е дефинирано од Mindat.org како „Секој збир на минерали во карпа, без разлика дали се во [хемиска] рамнотежа или не“, додека Енциклопедија Британика вели „Терминот асамблаж често се применува за сите минерали вклучени во карпата, но посоодветно е да се користи за оние минерали кои се во рамнотежа (и се познати поконкретно како рамнотежен асамблаж)“.
Терминот често е префиксиран од други термини што го опишуваат неговото формирање.
Карпи, руди и скапоцени камења мини|Шкрилец е метаморфна карпа која се карактеризира со изобилство на плочести минерали. Во овој пример, карпата има истакнати силиманитни порфиробласти со големина до 3 сантиметри. Карпата претставува агрегат од еден или повеќе минерали , pp. 15–16 или минералоиди. Некои карпи, како што се варовникот или кварцитот, се составени првенствено од еден минерал – калцит или арагонит во случај на варовник, и кварц во вториот случај., pp. 719–21, pp. 747–48 Другите карпи можат да се дефинираат според релативните изобилства на клучни (есенцијални) минерали; гранитот е дефиниран според пропорциите на кварц, алкален фелдспат и плагиокласен фелдспат., pp. 694–96 Другите минерали во карпата се нарекуваат помошни минерали и не влијаат многу на составот на карпата. Карпите исто така можат да бидат составени целосно од неминерален материјал; јагленот е седиментна карпа составена првенствено од органски добиен јаглерод., pp. 728–30