Иван Артемушкин (;1897 - почеток на 1950-тите, Пловдив) бил архитект и руски имигрант. Неговата архитектонска дејност го опфаќа периодот меѓу двете светски војни. Проектирал поголем број поединечни семејни и станбени згради во Скопје каде што и имал свое техничко биро. Во неговите објекти се истакнуваат неоренесансни и неокласицистички елементи (до 1932), а потоа градел во духот на модерниот рационализам. По Втората светска војна до 1948 година работел во Архитектонското одделение при Министерството за граденжништво, по што се отселил во Бугарија.

Позабележителни објекти: Станбена зграда на д-р Рубен (1927) Станбена зграда на браќа Бојаџиеви (1931) Станбена зграда на браќа Читкушеви (1931) Станбена зграда на браќата Радулови (1934) Станбена објект (Арапска куќа) на Агат Дикаџијан (1937)

Литература Македонска енциклопедија (прва книга), стр 113, 2009 А. Б. Арсеньев (Сербия). Петербургские архитекторы Нови-Сада: К.П. Паризо де ла Валетт и Ю.Н. Шретер // Изобразительное искусство, архитектура и искусствоведение Русского зарубежья / Отв. редактор О. Л. Лейкинд. – СПб.: Дмитрий Буланин, 2008. – С. 348-349. Георги Константиновскию градителите во Македонија, XVIII–XX век. Скопjе, 2001. С. 61–62, 72–73.

Категорија:Руски архитекти Категорија:Родени во 1897 година