За Кинеската цивилизација, видете Кина (појаснување). Не треба да се поистоветува со Република Кина (Тајван).

Народна Република Кина или скратено НР Кина (, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó, мак. транскр. „Џунгхуа женмин гунгхегуо“) држава што го опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор на Кина. Од своето основање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.250.000.000 жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан, Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Таџикистан и Виетнам. Народна Република Кина го смета островот Тајван за дел од својата територија, меѓутоа тој фактички не е под нејзин суверенитет.

Историја

thumb|200px|left|Кинеската долина во V век п.н.е. Кина е гледана како посебна древна цивилизација која се протега на една голема област во Источна Азија, еден народ и / или мултинационален ентитет. Со скоро 4 илјади години на континуирана историја, Кина е една од најстарите цивилизации во светот.

Праисторија Археолошките докази сугерираат дека раните хоминиди ја населувале територијата на Кина пред 2.25 милиони години. Фосилните остатоци на Пекиншкиот човек, Homo erectus кој користел оган, датираат пред помеѓу 680,000 и 780,000 години. Фосилизирани заби на Homo sapiens (кои датираат пред 125,000–80,000 години) се откриени во пештерата Фујан.

Современа историја Пред XIX век, таа поседувала едно од најмодерните општества и економии во светот, но поради последователните династии ја пропушта индустриската револуција во Европа и почнува да се намалува. Во XIX и XX век, империјализмот, внатрешната слабост и граѓанските војни ја оштетиле земјата и нејзината економија, доведува до соборување на царската власт.

мини|лево|Мао Це Тунг го прогласува основањето на Народна Република Кина на 1 октомври 1949 Во 1949 година завршува кинеската граѓанска војна и се појавуваат две држави кои се нарекуваат „Кина“: Народна Република Кина (НР Кина), формирана во 1949 година, попозната како Кина, има контрола над копнениот дел на Кина и во голема мера самоуправната власт на териториите во Хонгконг (од 1997) и Макао (од 1999). Република Кина (РК), основана во 1912 година во копнениот дел на Кина, сега попознатa како Тајван, има контрола над островите Тајван, Пенгу, Кинмен, Матцу, групниот остров Пратас, и неколку други острови. Во 1950 година, промените на економските политики во Тајван го трансформираа островот во технолошки ориентирана индустриска развиена економија, со период на високи стапки на раст и брза индустријализација. Во копнениот дел на Кина, во 1970-тите, реформите познати како "Четири модернизации" го подобрија земјоделството, индустријата, технологијата и одбраната, а со подигањете на животниот стандард НР Кина станува една од големите сили. До 2011 година се јавуваат проблемите на зголемен јаз помеѓу богатите и сиромашните, деградацијата на животната средина и масовната корупција. Историски гледано, културната сфера на Кина се протега низ цела Источна Азија, со кинеска религија, обичаи и писмен систем кои беа развиени во различни насоки од страна на соседите како што се Јапонија, Северна Кореја и Виетнам. Со текот на нејзината историја, Кина беше извор на многу големи пронајдоци. Исто така, поседува еден од најстарите системи на писмен јазик на светот. Првите докази за човечко присуство во регионот се пронајдени во пештерата Жодокиан. Тоа е еден од најраните познати примероци на хомо еректус, сега познат како Пекиншки човек, а се проценува дека живееле од пред 300.000 до 780.000 години.

Географија Релјеф Кина по градбата и постанокот се состои од три големи подрачја: стари грамадни планини на исток, палеозојски планини на северозапад и млади верижни планини на југозапад. Врз релјефот на Кина големо влијание имало понирањето на Индиската литосферна плоча под Евроазиската, при што дошло формирањето на Тибетската висорамнина и настанувањето на Хималаите. Тибет со просечна висина од 4000м е највисоката висорамнина во светот. Тибет на југ е опкружен од Хималаите, а на север се наоѓа Кунлун. Тибетската висорамнина на југоисток постепено се спушта преку рамнината Јунан Гизу. Во низинските подрачја најголема е Источнокинеската Низина во Манџурија, Големата низина во долниот тек на Хоанг Хо и рамнината во средниот и долниот тек на реката Јангцекјанг. А низините меѓу себе се одвоени со ниски шуми. Од големите планински делoви кои се под вечен снег се спуштаат големи ледници. Копното е претежно ниско, а морето до копното е плитко (200м). На Кина ѝ припаѓаат 5400 острови.

Клима Освен географската положба и релјефот на климата на Азија големо влијание имаат и монсунските ветрови. Во долините на големите реки се чувствуваат влијанијата на океанот длабоко во внатрешноста на копното, сè до Монголија. Поради тоа во југоисточниот дел на Кина има суптропска клима (1600 до 2000мм врнежи). А во северниот дел има ладна и сува континентална клима. Тука врнежите не достигнуваат 1000мм. Во северниот дел на Кина сушите се многу чести. Најмногу врнежи има во јужните краеви на Тибет поради летните монсуни. Во западниот континентален дел на Кина зимите на високите планини се долги и многу ладни, а летата се кратки и студени. Во југоисточното приморје на Кина тајфуните често прават пустоши.

Води Големата речна мрежа на Кина ја сочинуваат реките Јангцекјанг (која е трета река по должина во светот), Хоанг Хо (жолта река), Шијанг, Соанг Хо, Јианга и Амур. Во северниот дел на Кина речната мрежа е добро развиена, но во зима реките замрзнуваат. Во Јужна Кина, главна река е Синѓанг која со разгранета делта се влева во Јужнокинеското Море. Пловни се реките во јужниот и во средниот дел на Кина. Постојат и пловни канали, од кои најпознат е Големиот Канал, долг 1.800 км и служи за наводнување. Со каналите се овозможува наводнување на 49,8 милиони хектари од земјоделските подрачја во Кина. Најголем број езера има во внатрешниот дел на Кина.

Административна поделба Видете: Административна поделба на Кина

Демографија мини|Карта на густината на населението во НР Кина од 2009 година. Источните крајбрежни покраини се погусто населени од западната внатрешност на земјата Според националниот попис од 2010 година во Народна Република Кина живееле 1,370,536,875 жители. Околу 16.60% од населението било на возраст од 14 години или помлади, 70.14% биле помеѓу 15 и 59 години, и 13.26% биле над 60 години. Стапката на раст на населението за 2013 година е проценета на 0.46%. Населението на Кина на копното ќе надмине 1,4 милијарди до 2020.

Народности

Кина официјално признава 56 различни народности, од кои најголемата ја претставуваат Хан Кинезите, кои сочинуваат околу 91,51% од вкупното население.

Јазици Во Кина се зборуваат 292 живи јазици.Languages of China – from Lewis, M. Paul (ed.), 2009. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International.

Религија

Стопанство

мини|325п|Графикон на најголемите економии во развој според БДП по жител мерен според ПКМод 1990 до 2013. година. Забележителен е брзиот економски раст на Кина. мини|Зградата на Шангајската берза во Луѓацуеј, деловниот дел на Шангај. БДП на Шангај во 2011 година изнесувал 304 милијарди долари, по што е рангиран на 25. место меѓу градовите во светот.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд номиналниот бруто-домашен производ во Кина во 2014 година изнесувал 10.355.350.000.000 американски долари. Бруто-домашниот производ мерен според паритетот на куповната моќ истата година изнесувал 17.632.014.000.000 американски долари. Според еден од двата критериуми Кина била на првото место пред Соединетите Американски Држави. Номиналниот БДП по жител во 2014 година изнесувал 7.572 US$, додека БДП мерен со паритетот на куповната моќ по жител изнесува 12.893 US$.

Економска историја на НР Кина Од оснввањето во 1949 година до крајот на 1978 година, Народна Република Кина имала планска економија од советски тип. По смртта на Мао Це Тунг во 1976 година и крајот на Културната револуција, Денг Сјаопинг и новото кинеско раководство почнале со реформи за создавање пазарна економија со одредена улога на државата. Била напуштена колективизацијата во земјоделието, земјишните поседи биле приватизирани, а трговијата со странство станала главна ориентација на државата, заради што биле создадени „посебни економски зони“. Неефикасните државни претпријатија биле реструктуирани, а непрофитабилните веднаш биле затворени што довело до големи отпуштања на работници. За денешна Кина карактеристично е постоењето на економија заснована на приватна сопственост и таа е еден од најдобрите примери на државен капитализам. Државата и натаму ја има главната улога во стратешките стопански гранки како што се енергетиката и тешката индустрија, но бројот на приватни претпријатија се зголемува со огромна брзина, па во 2008 година биле регистрирани триесет милиони приватни претпријатија.John Lee. "Putting Democracy in China on Hold". The Center for Independent Studies. 26 July 2008. Посетено на 16 July 2013.

мини|лево|Нанкиншки пат, една од главните трговски улици во Шангај

Од почетокот на економската либерализација во 1978 година, Кина има една од најбрзо растечките економии во светот. Растот на нејзиното стопанство главно се заснова на инвестиции и извоз. Според податоците на ММФ, просечниот годишен раст на БДП на Кина меѓу 2001 и 2010 година изнесувал 10,5%, додека меѓу 2007 и 2011 бил еднаков на вкупниот раст на сите земји членки на групата Г-7. Високата продуктивност, ниските трошоци на работа и релативно добрата инфраструктура ѝ овозможиле да стане светски водач во прозводството. Меѓутоа, проблемот на кинеското стопанство е неефикасното користење на големи количини енергија, што придонело во 2010 година Кина да стане најголем потрошувач на енергенси на светот. Во септември 2013 година, Кина станала најголем увозник на нафта на светот, додека за задоволување на повеќе од 70% од потребите за енергија и понатаму користи јаглен. Во почетокот на второто десетлетие на 21 век, стапката на раст на кинеското стопанство почнала да се смалува, за што придонеле проблемите на домашниот пазар на кредити, смалената побарувачка од кинеска стока во светот и светската економска криза.

Кинеската економија во светот Кина е членка на Светската трговска организација и земја со најголем обем на надворешна трговија, која во 2012 година изнесувала 3,87 билиони долари. Кон крајот на 2010 година, Кина располагала со далеку најголеми девизни резерви на светот во вредност од 2,85 билиони долари, што претставувало зголемување од 18,7% во однос на претходната година. Во текот на 2012 година, Кина привлекла најмногу директни странски инвестиции во износ од 253 милијарди долари, додека истата година кинеските инвестиции во странство изнесувале 62,4 милијарди долари. Се проценува дека во 2009 година Кина имала 1,6 билиони долари во вредносни хартии на американската влада, и дека меѓу странските држави била најголем сопственик на јавниот долг на САД со 1,16 билиони долари обврзници на министерството за финансии на САД. Заради потценетиот курс на својата валута Кина е изложена на критики на претставниците на водечките светски економии, како и заради производство на големи количини фалсификувана стока. Консултантската фирма Макинси проценила дека вкупните ненаплативи побарувања нараснале од 7,4 билиони долари во 2007, на 28,2 билиони долари во 2014 година, што претставува 228% од БДП на Кина.

Споредба на номиналните БДП на најголемите светски економии во милијарди долари според податоците на ММФ.