Оваа статија е за книгата „Дина“; за други значења, види Дина (појаснување).

Дина (англиски Dune), Песочната Планета, првата книга од серијалот „Дина“.

Култно прозно дело напишано од американскиот научнофанатастичен писател Френк Херберт во 1964 година..

Во книгата се работи за Пол Атреид, син на војводата, и иден наследник на Големата Куќа Атреиди кој заедно со целата негова фамилија е префрлен на планетата Аракис, на која што треба да живеат и да го спроведуваат добавувањето на зачинот наречен Меланж, кој претставува супстанца која го продолжува животот. Притоа, куќата Атреиди е соочена со нивните смртни непријатели, Харконените, кои се обидуваат да им ја одземат власта од Аракис, а и воедно да ги уништат Пол и татко му, Лето. Но Пол открива дека поседува посебни, натчовечки моќи со кои може да ја види иднината. Тој подоцна го зема името Муад`Диб (Muad'Dib) од Слободниците (Fremen), кои се домородни жители на Песочната Планета.

Оваа книга ја има добиено Американската „Небула“ награда за книга на годината, и уште неколку други награди меѓу кои и „Книга на деценијата“ итн.

Френк Херберт има напишано шест книги од серијалот на „Дина“, како што се:

„Дина“ „Динин Месија“ „Децата на Дина“ „Бог-император на Дина“ „Кривоверците на Дина“ „Динина собирна куќа“ Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место за Дина Интернет група на обожаватели на Дина

Категорија:Научнофантастични романи