Миткороен познат и како Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува доцноантичка населба и претставува низок рид со зарамнето плато кое зафаќа простор од 100 × 80 м. Се наоѓа на 3 км јужно од селото. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал, а се забележуваат и темелите од одбранбениот бедем. Оттука потекнуваат и монети кои се наоѓаат кај месен жител.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Варница — некропола од доцноантичкото време; Кале — градиште од доцноантичкото време; Ридот — населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола; Столоватец — градиште од доцноримско време; Глибовец — кастел од доцноантичкото време; Аништа — некропола од средниот век; Влак — некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Белица (Порече)