Вселенската програма „Венера“ била советски научно-истражувачка програма наменета за истражување на планетата Венера и меѓупланетарниот космички простор.

Во склоп на програмата биле лансирани автоматски научно-истражувачки станици (вештачки сателити) под називот Венера.

Исклучително тешките услови на планетата Венера, а со тоа и почетниот недостаток на информациите за нив, многу го отежнале процесот на истражување. Првите летови токму поради овие причини биле и неуспешни. Со постојаното усовршување на леталата врз основа на делумните податоци кои им биле достапни, советските научници на крајот успеале да го извршат првото меко спуштање на некоја друга планета, првото испраќање на податоци од површината на некоја друга планета како и праќање на фотографии од површината на планетата Венера.

Резултатите од мисијата Венера и понатаму претставувале практично сè што било познато за составот на атмосферата, условите во неа и составот на тлото. Сликите покажале дека Венера има камено тло, како и температура од околу 470 до 490 °C, атмосферски притисок од околу 90 атмосфери на површината.

Летови од програмата Венера

Име на мисијата, година на лансирање:

Венера-1 (1961) Венера-2 (1965) Венера-3 (1965) Венера-4 (1967) Венера-5 (1969) Венера-6 (1969) Венера-7 (1970) Венера-8 (1972) Венера-9 (1975) Венера-10 (1975) Венера-11 (1978) Венера-12 (1978) Венера-13 (1981) Венера-14 (1981) Венера-15 (1983) Венера-16 (1983)

Галерија

Поврзано Маринер (програма) Марс (програма)

Надворешни врски

Советско истражување на Венера Фотографии од Венера од сателитите од серијата Венера Нови обработки на советските слики од Венера СССР - прв на Венера Советското испитување на Венера

Користена литература NASA, опис на мисијата од серијата Венера

Категорија:Венера (програма)