мини|десно|250п|Лого на Институтот за национална историја Институт за национална историја (ИНИ) — државна научна установа основана со уредба на владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје. За прв директор е именуван Митко Зафировски, а денешен директор на Институтот е д-р Драги Ѓоргиев.

ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност (последипломските и докторските студии).

Историјат Институтот за национална историја низ годините минал низ неколку фази. Првата фаза е четиригодишниот период од 1944 до 1948 година, која се одликува со силно влијание на југословенската и советската историографска школа.д-р Марјан Димитријевски: „Историја на Институтот за национална историја“, Скопје, ИНИ, 2013 г., стр. 7-29 Темелите на идејата за создавање на Институт за национална историја биле псотавени на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година. Бил формиран специјализиран Историски отсек при Главниот штаб на Југословенската армија, за Македонија, со задача да прибира и да подредува архивска граѓа.

Во почетокот на 1948 година, кога Институтот се наоѓал во фаза на организациско оформување, бил формиран Научен совет како претходница на Институтот. Во напорите за прибирање изворни материјали и за формирање библиотечни фондови, најголем придонес имал еден од основоположниците на ИНИ, д-р Љубен Лапе, кој во 1946 година учествувал во преземање на библиотеката и архивата од Македонскиот научен институт во Софија, што е донесена во НР Македонија.

Институтот како самостојна научна институција бил формиран со Уредба бр. 8556, која Владата на НРМ ја потпишала на 20 јули 1948 година. Првото име гласело: Научен институт за национална историја на македонскиот народ, со седиште во Скопје. Во оваа фаза се пристапило кон конципирање на модерната македонска историографија.

Во периодот од 1980-1990 година, започнал процесот на критичко превреднување на научните достигнувања на македонската историографија, и се појавил стремежот да се обработат некои „табу теми“ за кои Институтот во претходниот период воопшто не се произнесол.

Во 2008 година бил донесен нов Закон за научно-истражувачка работа, а две години подоцна, Институтот го прилагодил својот Статут со Законот.

Одделенија

Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:

Одделение за античка и средновековна историја на Македонија (до 1371 година) Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење (до почетокот на XIX век) Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во XIX век до 1912 година Одделение за историјата на македонскиот народ (1913-1941) Одделение за историјата на македонскиот народ (1941-1991) Одделение за историјата на малцинствата на Балканот и иселеништвото Балканолошко одделение

Од 1957 година Институтот издава научно списание „Гласник”.

Директори на ИНИ Митко Зафировски (1 август 1948 - 1 септември 1949)д-р Марјан Димитријевски: „Историја на Институтот за национална историја“, Скопје, ИНИ, 2013 г., стр. 111 Методија Соколоски (1 септември 1949 - 1 април 1950) (1 август 1956 - 1 декември 1960) Данчо Зографски (1 април 1950 - 1 октомври 1950) (1 април 1983 - 31 март 1986) Ѓорѓи Абаџиев (1 септември 1950 - 1 април 1952) Љубен Лапе (1 април 1952 - 1 август 1956) Александар Христов (1 декември 1960 - 1 декември 1964) (1 април 1979 - 1 април 1983) Михаило Апостолски (1 јануари 1965 - 31 декември 1970) Глигор Тодоровски (1 јануари 1971 - 31 декември 1974) Орде Иваноски (1 јануари 1975 - 1 мај 1979) Манол Пандевски (1 април 1986 - 3 април 1987) Владо Ивановски (15 април 1987 - 5 декември 1995) Новица Велјановски (5 декември 1995 - 2001) Тодор Чепреганов (2001 - 2012) Драги Ѓоргиев (2012 - сè уште)

Поврзано Историја на Македонија

Наводи

Литература д-р Марјан Димитријевски: „Историја на Институтот за национална историја“, Скопје, ИНИ, 2013 г.

Надворешни врски Институт за национална историја

Национална историја Историја, Национална Категорија:Придружни членки на УКИМ Категорија:Историја на Македонија Категорија:Историја на македонскиот народ