Кведлинбург — поранешен округ на западот од Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) Вернигероде, Халберштат , Бердекрајс, Ашерслебен-Штасфурт, Мансфелдер Ланд, Зангерхаузен и округот Нордхаузен во Тирингија.
Историја
Во 1950, округот Балентет бил додаден на округот. Делови од окрузите Бланкенбург и Ашерслебен биле додадени во 1994.
На 1 јули 2007, округот Кведлинбург бил споен со окрузите Халберштат и Вернигероде, во новиот округ Харц.
Географија
Северниот дел од округот се наоѓа на планините Харц.
Грб
Грбот ги покажува симболите за три историски ситуации во округот. Во горниот лев дел е еленскиот рог, симболизирајќи го грофовијата Регенштајн. Двата ножа се специјални ножеви употребувани во орманите (германски: Kredenzmesser), кои стојат за Опатијата Кведлинбург. Жолто-црните линии доаѓаат од грбот на округот Баленштет.
Грбот бил променет на 24 септември 1990, заменувајќи ги ножевите на Кведлинбург.
Градови и општини
ГрадовиЗаедница на општиниКведлинбургБаленштет/Боде-Зелке-Ауе (вкл. го градот Баленштет) Гернроде/Харц (вкл. го градот Гернроде) Тале (вкл. го градот Тале) Унтерхарц (вкл. ги градовите Гинтерсберге и Харцгероде)
Надворешни врски Регионален портал Туристичка страница