Говрлево — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Каршијак, на јужните падини на планината Водно и источно од реката Треска во долината и сливното подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, на надморска височина од 527 метри. Сместено е на источното подножје на ридест предел чија почва е богата со цементен лапорец, поради што цементарницата „Усје“ има отворено ископ и рудник за цемент во непосредната близина на селото. Соседни села се Света Петка, Соње, Чифлик, Барово и Осинчани. мини|Интересна камена архитектура на куќите во Говрлево, повеќето се напуштени и обраснати со зеленило. мини|Интересна камена архитектура на куќа во Говрлево, полека пропаѓа под тежината на времето. мини|Интересна камена архитектура на куќите во Говрлево, повеќето се напуштени и обраснати со зеленило.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 280 жители христијани (Македонци).Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 25 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 76 мажи христијани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 174 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 244 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Говрлево живееле 280 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Говрлево имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 513 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.
Во 1961 година имало 513 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Срби.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Родови
Говрлево е македонско село.
Во Говрлево отсекогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
Староседелци: Блажовци (11 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Лонгуровци (3 к.), Јанковци (4 к.), Спереловци (2 к.), Аврамовци (1 к.), Ѓоровци (6 к.), Акетовци (2 к.), Газиновци (1 к.), Бебешковци (1 к.) и Ивановци (7 к.), Доселеници: Скендеровци (7 к.) доселени се од селото Жировница во сливот на реката Радика околу 1810 година. Се доселиле двајца роднини Скендер и Алил, Скендер во Говрлево се вратил во православие, а Алил, не сакал да живее меѓу православни и се преселил во Света Петка; Шкоровци (8 к.) доселени се од селото Зркле во Порече. Во Зркле живееле тројца браќа, еднаш во нивната куќа дошол Турчин арамија, кој се заседнал како гостин со денови, и сакал да го служи сестрата на браќата, браќа го убиле Турчинот, и околу 1820 избегале од Порече. Основачот на овој род се населил во Говрлево, вториот брат отишол во Љубош, па од таму во Долно Лисиче (Ѓокевци 7 к.), а третиот отишол во Скопска Црна Гора (некои мислат во Бањане); Манушовци (2 к.) доселени се од Козарево, сега раселено село во атарот на селото Света Петка; Николовци (1 к.) ништо не знаат за своето потекло; Богдановци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени; Ѓурчевци (3 к.) доселени се од Ботушје во Порече; Крстевци (3 к.) доселени се од селото Јаболци, каде биле староседелци; Џеповци (1 к.) доселени се од Осинчани, овој род по машка линија е изумрен, па сега се продолжува само со домазетовци; Поречановци (2 к.) доселени се од Пуста Брезница, подалечно потекло од Порече.
Општествени установи Цркви десно|мини|230п|Манастирот „Св. Трифун“ во селото мини|десно|Црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во Говрлево
„Св. Трифун“ „Св. Илија“ „Св. Троица“ „Св. Петар и Павле“ „Св. Марина“ „Св. Ерина“ „Св. Недела“ „Св. Петка“ „Св. Кузман и Дамјан“ „Св. Никола“
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта
Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Манастириште — средновековна населба и некропола; Св. Илија - средновековна црква; Церје — населба од неолитското време.
Иселенишво Селото е напуштено во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-от век, како последица на познатите миграции село-град, во кои луѓето ги напуштале селата во потрага по полесен начин на издршка и вработување во фабриките во Скопје, поради што најголем број жители се иселиле во приградските населби и села Горно Лисиче, Пинтија, Припор, Драчево. Сосема мал број жители се останати во селото, претежно старци.
Личности Благица Павловска — македонска фолк-пејачка Тодорче Божиновски — одборник на МЗ Ване Мирчевски (1922-1946) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Санде Цветановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано Каршијак Општина Сопиште Сопиште
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Говрлево на Карти на Гугл