Десау-Рослау — независен град (kreisfreie Stadt) и урбан округ во германската покраина Саксонија-Анхалт. Се наоѓа на вливот на реките Елба и Мулде. Градот бил основан со спојување на независниот град Десау со градот Рослау во рамките на реформата на окрузите во Саксонија-Анхалт на 1 јули 2007. Десау-Рослау е третиот најголем град во Саксонија-Анхалт по население, по Магдебург и Хале.

Десау

Десау е најголемото населено место во рамките на Десау-Рослау, со приближно 77.000 жители (2006). Поголемиот дел од градот се наоѓа на левиот брег на реката Мулде, јужно од нејзиниот влив со Елба. Десау бил првпат споменат во 1213 година и станал главен град на малата држава Анхалт-Десау во 14-от век. Помеѓу 1863 и 1918 година, бил главен град на Анхалт. Од втората половина на 19-от век Десау е индустриски град. Со познатата уметничка и архитектонска школа Баухаус, која се наоѓа во Десау помеѓу 1925 и 1932 година, и со градинарското кралство Десау-Верлиц, градот е присутен на две УНЕСКО листи на светско културно и природно наследство.

Рослау

Рослау има околу 13.000 жители (2006). Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, во близина на вливањето со реката Мулде, околу 7 километри северно од центарот на Десау. Рослау бил првпат споменат во 1215 година. Пред ова бил споен со Десау, како дел од округот Анхалт-Цербст.

Политика

Местата во градскиот совет (Stadtrat) од изборите во 2007 се:

Демохристијански сојуз (ДХС): 13 Левица: 10 Социјалдемократска партија на Германија (СПД): 8 Про Десау-Рослау (независна): 5 Слободна демократска партија (СлДП): 4 Граѓанска листа (независна): 3 Нов Форум: 3 Сојуз 90/Зелени: 2 Слободни гласачи: 1 Германски народен сојуз (DVU): 1 и градоначалникот

Меѓународни односи

Десау-Рослау е збратимен со:

Аржантеј, Франција, од 1959 Клагенфурт, Австрија, од 1971 Лудвигсхафен, Германија, од 1988 Ибенбирен, Германија, од 1990 Гливице, Полска, од 1992 Неменчин, Литванија, од 1995 Руднице на Лаба, Чешка, од 2004

Наводи

Надворешни врски

Службена страница

Категорија:Десау Категорија:Безокружни градови во Саксонија-Анхалт