Аисин Гјоро Пуѓе (кинески: 愛新覺羅溥傑 (традиционално), 爱新觉罗溥杰(упростено), Àixīnjuéluó Pǔjié, 16 април 1907 — 28 февруари 1994) бил најмлад брат на последниот кинески цар Пуји. Пуѓе, доколку не би била укината монаријата, би бил претпоследен кинески цар.

Животопис Пуѓе е втор син а Цајфенг и неговата жена Гувалгија Јоулан. Како дете, тој бил одведен во Забранетиот град за да му прави друштво на неговиот брат Пуји. Во 1929 година Пуѓе бил испратен во Јапонија на студирање. Тој дипломирал во Гаукушуин и го научил одлично јапонскиот јазик. Подоцна тој се запишал на Империјалната јапонска воена академија и дипломирал во јули 1935 година.

Пуџие за првпат се оженил во 1924 година со манџурската принцеза Тунг Шесја, но немало добар однос. Тој ја напуштил жената кога отишол во Јапонија и по неколку години бракот сосема пропаднал. Кога дипломирал во Јапонија тој се согласил на договорен брак со некоја богата Јапонка. Пуџие ја избрал неговата жена Хиро Сага, која пак била во роднинска врска со јапонското кралско семејство. Тој ја избрал кога ја видел на слика при процесот на избор.Lebra, Above the Clouds pp.213 Бидејќи братот на Пуџие немал наследник, бракот на Пиџие имал големо политичко влијание, како внатрешно, така и надворешно, пред сè зближување на кинеската и јапонската нација. Свадбата се одвивала во Токио на 2 февруари 1937. Двојката се преселила во Манџурија, кога како цар бил братот на Пуџие - Пуји.

Бидејќи кинескиот и манџурскиот цар Пуји немал деца и наследник на престолот, Пуѓе почнале да го сметаат за наследник на престолот, особено од јапонските власти. Сепак, тоа не се случило. За време на распадот на Манџурија и советската инвазија во 1945 година, Пуѓе се обидел да обезбеди егзил во Јапонија со неговиот брат. Но, кога му станало јасно дека тоа нема да се случи, тој и главниот град на Манџурија потпаднале под руска власт. Пуѓе бил уапсен и испратен во рускиот затвор во Сибир заедно со неговиот брат и останатото семејство. Со основањето на кинеско-руските односи и НР Кина, Пуѓе бил екстрадиран во 1950 година во Кина.

Пуѓе починал на 28 февруари 1994 во Пекинг, НР Кина и како наследник негов се смета Ѓин Јоуџе. Потекло0

</center>

Користена литература

Надворешни врски „Последниот брат на кинескиот цар“

Категорија:Манџурски политичари Категорија:Претенденти за кинескиот престол Категорија:Луѓе од времето на династијата Ќинг Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Починати во 1994 година