Непосредно пред започнувањето на Првата светска војна Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на Србија, Бугарија и Грција. По започнувањето на Првата светска војна сите три држави извршиле мобилизација на население од Македонија во своите војски, при што биле мобилизирани околу 200 илјади луѓе - во српската околу 50 илјади, во бугарската околу 120 илјади и во грчката околу 20 илјади души.„Светот го одбележа крајот на кланицата во Првата светска војна“, „Утрински весник", број 2835, среда, 12 ноември 2008.

Пред влегувањето на Бугарија во војната биле формирани диверзантски чети под раководство на Тодор Александров кои ја извршиле Валандовската афера во март 1915 година. По влегувањето на Бугарија во војната таа извршила масовна мобилизација при што била формирана 11-та македонска дивизија и во нејзиниот воен формациски состав вклучила 33.046 Македонци. По нападот на бугарската армија, српските сили биле принудени на се повлечат од Вардарска Македонија, а бугарската војска избила на српско-грчката граница утврдена со Букурешкиот мировен договор. Во пролетта 1916 година српско-грчката граница започнала да се формира како Солунски фронт, кој се протегал од Охридското Езеро до Струмскиот Залив во Егејското Море, со мали отстапувања кон Лерин и Битола.

Со влегувањето на Бугарија во војната доаѓа и до промена во поделбата на Македонија. Бугарија ги освоила Вардарска Македонија, каде била формирана Македонската воена инспекциска област, дел од источна Егејска Македонија и Пиринска Македонија која ја добила со Букурешкиот договор. Останатиот дел од Егејска Македонија бил како и дотогаш во рамките на Грција, односно под воена управа на Антантата.

Пролетта 1916 година, потпомогната од своите германски и австроунгарски сојузници, Бугарија ја освојува Рупелската Теснина и, навлегувајќи во источниот дел на Егејска Македонија, ги зазема градовите Сер, Драма и Кавала. Кон средината на август истата година бугарските сили, предводени од генерал Климент Бојаџиев ги разбиваат трупите на Антантата на просторот Добро Поле - Баница - Лерин и продирајќи кон Костур го заземаат Лерин со околните населби. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиваат одбраната на бугарската Прва армија, принудувајќи ја на повлекување. На 19 ноември тие ја заземаат Битола. По тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнува и настанува затишје на целиот фронт. лево|мини|Етнографска мапа на централна и југоисточна Европа, издадена од Воениот кабинет во Лондон, на која се прикажани границите и различните етнички заедници во 1916 година. Во текот на 1917 и првата половина на 1918 година, се водат повеќе позициони борби од локално значење кај р. Струма, Црна Река и долж Вардарската Долина, кои нема да предизвикаат некои поголеми територијални промени.

На 15 септември 1918 година силите на Антантата предводени од францускиот маршал Франше д'Епере, започнуваат силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник - Сокол. Борбите се пренесуваат во Пелагонија, на десниот брег на реката Вардар, Црна Река и во реонот на Дојран. Под жестокиот притисок на сојузниците бугарско-германските трупи се приморани на повлекување кон север и бугарската граница. Сојузниците заземаат повеќе делови во вардарскиот дел на Македонија. На 29 септември 1918 година Бугарија е принудена да потпише примирје согласувајќи се да ја напушти Вардарска Македонија. Ги задржува само Пиринска Македонија и Струмичката област со градот Струмица, која ќе ја загуби подоцна во корист на Србија со Нејскиот мировен договор од 1919 година. мини|десно|300п|Офицери од 11-та пешадиска македонска дивизија, на левата страна од попот е полковникот Борис Дранговмини|десно|300п|Черепи во костурницата на Кајмакчалан Првата светска војна ја раздвижува македонската емиграција. Непосредно по влегувањето на Бугарија во војната, Крсте Петков Мисирков побарал да се обедини Македонија и да се оформи како автономна политичка единица. Во Швајцарија било формирано македонското друштво за Независна Македонија, тие побарале да се формира самостојна и независна Македонија која подоцна би можела да влезе во рамките на една балканска федерација. Македонската емиграција во Бугарија била поделена и имала различни погледи за судбината на Македонија. Привременото претставништво на „поранешната Внатрешна организација“ да се формира Автономна Македонија во нејзините географски и етнички граници, а од другата страна бил Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации и групацијата околу Тодор Александров, тие побарале автономија на Македонија, а ако не може, тогаш таа цела да се присоедини кон Бугарија.

Почеток на војната Првата светска војна започнала со објавувањето на војна од страна на Австроунгарија на Србија и нападот на 29 јули 1914 година. Пред почетокот на војната односите помеѓу Бугарија и Србија биле мошне затегнати поради Букурешкиот договор. Бугарија не била задоволна бидејќи во споредба со Грција и Србија таа земала помал дел од Македонија. По започнувањето на војната, Бугарија биле една година неутрална по што влегла во војната на страна на Централните сили. Мобилизација на Македонците

Ангажирањето на Србија во војната против Австроунгарија имал одраз и во Вардарска Македонија која се наоѓала под српска власт. Од почетокот на војната па сè до влегувањето на Бугарија во судирот, во октомври 1915 година, српските власти во Вардарска Македонија регрутирале 53.088 души во српската војска. Од нив 44.496 биле Македонци, 8.482 Турци и Албанци и 111 Евреи.

Воените обврзници од Вардарска Македонија биле испраќани да се борат на фронтот во западна Србија против силите на Австроунгарија. Регрутацијата и самата војна не биле прифатени од регрутираните Македонци, Турци, Албанци и другите. Многумина од нив уште при регрутирањето, испраќањето на воена вежба или при воените подготовки, изостанувале, бегале или се сокривале. Многумина од нив на самиот фронт дезертирале, ги минувале Дрина и Сава предавајќи се на австроунгарските власти.

Австроунгарија и Бугарија постигнале договор според кој заробените Македонци биле третирани како Бугари. Отука тие биле ослободени од заробеништво и преку Романија биле испратени во Бугарија каде што повторно биле регрутирани меѓутоа сега во бугарската армија. По окупацијата на Вардарска Македонија од страна на Царството Бугарија, новите бугарски власти спровеле нова мобилизација во овој дел на Македонија.

Бугарија извршила најмасовна регрутација и мобилизација на Македонците во Пиринска Македонија и помеѓу македонската емиграција во Бугарија. Пред нападот врз Србија во есента 1915 година, бугарската Врховна команда ја создала 11-та македонска дивизија и во нејзиниот формациски состав вклучила 33.046 Македонци. Покрај регрутацијата на Македонците во составот на бугарската регуларна армија, бугарските власти регрутирале Македонци и во диверзанските чети под раководство на Тодор Александров. Грција која објавила неутралност исто така спровела регрутација во Егејска Македонија со која биле регрутирани околу 20.000 Македонци.

Дипломатски игри мини|лево|150п|Фердинанд Iмини|десно|350п|Фердинанд и кајзерот Вилхем II во Ниш, тогаш под бугарска окупација По започнувањето на војната, Бугарија се држела неутрално меѓутоа започнала дипломатски контакти со двете завојувани страни.

Силите на Антантата за да ја придобијат Бугарија на своја страна, најпрво и ја понудиле територијата на исток од Злетовска река и Брегалница до нејзината утока на реката Вардар, како и територијата на исток од Вардар до под Гевгелија, при што не би се прекинал контактот меѓу српската и грчката граница. На Бугарија требало да и се отстапи и територија од 2.000 км2 од страна на Грција. Во оваа територија влегувале Сер, Драма и Кавала, односно на Бугарија и биле отстапени териториите кој таа ги загубила со Букурешкиот договор.

Меѓутоа кога веќе било видливо дека Србија ја губи војната со Австроунгарија, и дека постои опасност Централните сили да воспостават контрола врз Балканот, Антантата испратила дипломатска нота со која на Бугарија и била понудена целата територија на Вардарска Македонија под услов да и објави војна на Османлиското Царство.

Бугарија на 4 септември 1915 година потпишала конвенција со Централните сили за влегување во војната на нивна страна. Со конвенцијата Австроунгарија и ја гаранатирала на Бугарија целата територија на Македонија предвидена како спорна и неспорна зона во рамките на Бугарско-српскиот договор од 1912 година, како и извесни територии од самата Србија.

Валандовска афера

мини|лево|200п|Тодор Александров во четничка униформамини|десно|300п|Валандовската чета Подготовките на Бугарија за влегување во војна биле во насока на тоа во Македонија да се создадат услови кои би испровоцирале нејзино вклучување во истата заради наводната заштита на населението, кое тие го сметале за бугарско. Во таа насока Бугарија сакала да ги исползува на своја страна разните македонски организации, пред сè ВМРО, заради исполнување на нејзините намери. За да започнат вооружените провокации на територијата на Србија, преку бугарската влада на Радославов од страна на Австроунгарија биле дадена парична сума од околу 25 милиони златни круни, кои за таа цел биле наменети на користење на ВМРО на Тодор Александров.

Со овие парични средства, со паролата за автономија на Македодонија и антисрпското расположение кај раководството и четниците на ВМРО се започнало со подготовки за влегување на комитски чети во оној дел од Македонија кој бил под српска власт. Четите на ВМРО, заедно со турски чети и потпомогнати од специјалисти за експлозив и пиротехника од Австроунгарија на 20 март (стар стил) 1915 година навлегле на територијата држена од српската власт и ја предизвикале Валандовската афера.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 147 - 148.Националноосвободителното движение на македонските и тракийските българи 1878-1944, Т. III, София, 1997, стр. 342-343.Димитар Галев, „Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941“, Друштво за наука и уметност, Штип 1991, Валандовско-удовската атака thumb|300п|десно|Чета на Тодор Александров во Првата светска војна Комбинираниот напад на четите на ВМРО и турските чети, бил извршен токму во овој дел на Македонија на 20 март. Притоа првичната цел на нападот била да се изврши уништување на мостот преку кој поминувала железничката линија на реката Вардар кај станицата Удово за да се прекине снабдувањето на српската војска на линијата Солун-Скопје. Во нападот на трите утврдени српски пунктови кај Валандово, Пирава и Удово. На чело чети на ВМРО се наоѓале војводите: Ване Стојанов, Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и други, а нивниот број за време на нападот кај Валандово и Удово изнесувал околу 1.000 души.

Акцијата ги раздвижила српската војска, жандармерија и четниците од паравоената организација Народна одбрана. Тие како одмазда за дејствувањето на комитските и турските чети спровеле терор во источниот дел на Вардарска Македонија при што настрадале Валандово, Берово, Пехчево и Радовиш. Голем број на македонски селани биле уапсени, претресувани и убивани, а голем број на села во овој реон биле запалени.

Убиство на Јане Сандански

мини|десно|300п|Телото на Сандански Јане Сандански жестоко се спротивставил на Валандовската акција. Неговото спротивставување кон оваа акција, како и конфронтациjaта со Цар Фердинанд и бугарската влада го ставаат во целосна политичка изолација.