Тепавци (уште познато и како Теповци) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба

Тепавци се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, односно јужниот дел на Општина Новаци од левата страна на Црна Река. Селото е ридско на надморска височина од 750 метри, а од градот Битола е оддалечено 23 километри.

Историја мини|лево|На чешмата во Тепавци, јуни 1917 Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тепавци живееле 354 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тепавци имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тепавци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 38 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото брои 25 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 Албанец.

Родови

Тепавци е македонско село.

Според податоците од 1953 година, родови во селото се:

Доселеници: Мифковци (16 к.), Слабовци (6 к.), Радевци (1 к.), Бојковци (21 к.), Стрезовци (3 к.) и Мајловци (1 к.) потекнуваат од основачите на селото, кои биле 4 браќа, и кои се доселиле во XVIII век од околината на Корча во Албанија. Бојковци се делат на следните гранки Котевци, Димовци, Марковци, Романовци, Сиќировци и Цветковци; Орџановци (4 к.) доселени се однекаде, имаат роднини од Тепавци во Невеска, леринско, денес во Грција; Положановци (2 к.) доселени се од селото Полог. Православен ромски род: Неделковци (1 к.) овде живеат од турско време, основачот на родот бил Ковач. Брачни врски одржуваат со православните Роми од другите села.

Општествени установи Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од XIX век Црква „Св. Архангел Михаил“ од поново време

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гнилеш.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Од ова село иселеници има во Велесело (Ќутевци, Петковци и Кочовци), Брод (Велјановци), Долно Оризари (Моријовци), Балдовенци (Митревци), Бач (Тепаски). Околу 5 семејства до 1953 година се иселиле во Битола. Целосно се иселиле Пиперковци во Америка. Биле деленици од родот Бојковци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци