Нада Бутникошарева Николова ( според други извори е родена во 1920 година во ― во ) ― македонска револуционерка и партизанка.

Животопис Таа била монополска работничка. Таа е активна како организатор на женското и на синдикалното движење во Велес од 1939 година, а била примена за член на КПЈ од 1940 година и активен учесник во подготовките за оруженото востание, почнувајќи од 1 април 1941 година, кога била избрана за член на Месниот Комитет на СКОЈ - Велес.

Поради големата ангажираност во работата на илегалното движење во градот и подготовките за исфрлање на партизанскиот одред, нејзината активност и била позната на бугарската полиција, поради што се илегализирала. Во почетокот на 1942 година била член на Комисијата за работа со жените. Во нејзиниот дом и во бавчата на зеленчук, престојувале илегалци, се одржувале состаноци на СКОЈ и МК и кај неа била сместена партиската техника.

Во пролетта 1942 станала борец во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и учествувала во сите негови вооружени акции. На 27 декември, вo една акција на одредот против бугарската полиција и војска, кај местото Војничка пештера заrинала, борејќи се до последниот куршум.

Една улица во градот Велес го носи нејзиното име.

Поврзано

Сута Бутникошарева Благој Бутникошарев Јове Бутникошарев Илија Бутникошарев Кире Бутникошарев

Наводи

Литература Ѓорѓи Малковски - Нада Бутникошарева Категорија:Луѓе од Војница Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Жртви во Битката кај Војничка пештера Категорија:Починати во Војница Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Жени во НОБ Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 1942 година