Холосеевскиот реон (украински: Голосіївський район; руски: Голосеевский район) е административен реон во градот Киев, главниот град на Украина.
Оваа област била создадена како резултат од последната административна поделба на градот која била спроведена во септември 2001 година, според одлуката на Киевскиот градски совет на 1 јануари 2001 година.
Реонот се наоѓа во југозападниот дел на Киев, и граничи со реоните Шевченко, Соломенскиот реон, Печерскиот реон и Дарницкиот реон. Реонот започнува од улицата Крештатик, и се протега кон југозападниот влез во градот.
Познати атракции: Музеј на народната архитектура Парк Максим Рилски Манастир Свети Пантелејмон Киевска централна автобуска станица Бајковски гробишта
Категорија:Киевски реони