мини|десно|350п|Окупирана Македонија: Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, Бугарија го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотракија), со вкупно 21.460 км2 и околу 876.000 жители.
Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга, најголемиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Егејскиот дел на Македонија, со вкупно 4.314 км2 и со околу 232 илјади жители. Во јули тоа окупационо подрачје било препуштено на анектирање од квислиншка Албанија. Така, Егејскиот дел на Македонија, кој дотогаш се наоѓаше под грчка власт, бил поделен под бугарска, италијанска и германска окупација (Солунско, Воденско и Гуменџиско).
Во бугарското окупациско подрачје имало околу 45 000 војници и чиновници, а на територијата под албанска окупација бил воведе данокот десеток од времето на османлиското владеење. Во Вардарскиот дел на Македонија, само во првата година од фашистичката окупација биле уапсени 1 937 лица, со 38 смртни пресуди. На бугарското окупационо подрачје, од 3.422 учители и наставници во училиштата со наметнатиот бугарски наставен јазик, имаше само 306 учители и наставници Македонци. Во италијанско-албанското окупационо подрачје бил воведен албанскиот јазик во администрацијата и во училиштата и за македонските деца.
Поделбата на Македонија во 1941 година
Во деновите помеѓу 20 и 29 април 1941 година во Виена се воделе преговори меѓу грофот Ќано, министер за надворешни работи на Кралството Италија, и Фон Рибентроп, министар за надворешни работи на Нацистичка Германија, за поделба на Кралството Југославија. На овие средби била договорена и демаркационата линија помеѓу Кралството Италија и Царството Бугарија во Македонија.
Меѓутоа конечната демаркациона линија помеѓу овие две држави била решена од бугарско-германска гранична комисија. Според оваа спогодба, поголемиот дел од Вардарска Македонија се нашла под окупација на Бугарија, таа добила дел и од Србија, односно Поморавјето и областите по текот на реките Нишава и Тимок, како и еден дел од Косово. Во Грција, Царството Бугарија добила територии од Егејска Македонија и дел од Тракија.
Западна Македонија била окупирана од Италија, во оваа територија се нашле градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, потоа Костурско и поголемиот дел преспанските села.
Окупацијата завршила со крајот на Втората свтеска војна. На територијата на Вардарска Македонија се формирала НР Македонија како дел од СФР Југославија, Пиринска Македонија останала во рамките на Бугарија, а по завршувањето на Граѓанската војна во Грција, Егејска Македонија и понатаму била во рамките на грчката држава.
Бугарски соработници Бугарски централен акционен комитет
мини|лево|150п|Васил Хаџикимов, еден од основачите на Акциониот комитетмини|десно|300п|Свечен пречек на бугарските сили при нивното навлегување во Македонија, организиран од Бугарските акциони комитети.Bulgarian Campaign Committees in Macedonia - 1941 Dimitre Mičev<small>Македония 1941 Възкресение (Macedonia 1941 Resurrection), Сотир Нанев (Sotir Nanev), Sofia 1942, reprinted Sofia 1993, p. 15 Between Past and Future: Civil-Military Relations in Post-Communist Balkan States by Biljana Vankovska, 2003, ISBN 1-86064-624-7, page 270.Yugoslavism: histories of a failed idea, 1918-1992, Автор Dejan Djokić, Издател C. Hurst & Co. Publishers, 2003, ISBN 1-85065-663-0, стр. 119.The struggle for Greece, 1941-1949, Автор Christopher Montague Woodhouse, Издавашство C. Hurst & Co. Publishers, 2002, ISBN 1-85065-492-1, стр. 67Mediterranean politics, Volume 1, Author Richard Gillespie, Publisher Fairleigh Dickinson University Press, 1994, ISBN 0-8386-3609-8, стр. 90.</ref> Населението иницијално, само накратко ja прифатило Бугарската воjска како „ослободителка“ од српскиот гнет.Who are the Macedonians? , Автор Hugh Poulton, Издавашство C. Hurst & Co. Publishers, 1995, ISBN 1-85065-238-4, стр. 101.<ref>Eastern Europe: politics, culture, and society since 1939, Автор Sabrina P. Ramet, Издател Indiana University Press, 1998, ISBN 0-253-21256-1, стр. 160.The Macedonian Question: Britain and the Southern Balkans 1939-1949 Oxford historical monographs, Автор Dimitris Livanios, Издател Oxford University Press US, 2008 ISBN 0-19-923768-9, стр. 179.Bulgaria During the Second World War by Lee Miller (Occupation on Vardar Macedonia) Сепак, кратко потоа воодушевувањето и ентузијазмот преминале во презир."The army that had been greeted with such enthusiasm became an object of disgust." - Marshall Lee Miller: "Bulgaria During the Second World War," chapter "The Bulgarian occupation of Macedonia," Stanford University Press, pg. 122-125, 1975. Македонскиот народ ја увидел вистината, дека Бугарите не се ослободители, туку окупатори. Заедно со германската војска што навлегувала во Македонија, во Скопје пристигнала од Бугарија една група на македонски политички емигранти, кои заедно со месни Македонци, под заштита на германската воена власт, на 13 април 1941 година го формирале Бугарскиот централен акционен комитет. Под негово раководтсво набргу потоа биле формирани слични комитети во внатрешноста на Македонија. Нивната активност била помагана од Гестапо и германската воена команда.Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
Во периодот од доаѓањето на германската војска па сè до бугарската окупација, Бугарскиот централен акционен комитет упатувал прогласи до македонскиот народ настојувајќи да му даде нему бугарски национален белег и бугарската окупација да се прикаже како спонтано барање на македонскиот народ за присоединување кон Бугарија. Пред германската воена команда требало да се остави впечаток дека Бугарија има историско право над Македонија. Сета активност на Акциониот комитет требало да послужи како основа за што побрзо преземање на административната власт во Македонија од страна на Бугарија и аргумент за нејзино анектирање. Акциониот комитет преку печатот, јавните собири и на други начини изразиле благодарност кон Германија за неговата ослободителна мисија.
Бугарската влада на Богдан Филов во спроведувањето на окупацијата на Македонија пред јавноста не се потпирала врз Акциониот комитет, неговата дејност требало да остави впечаток дека тоа спонтана реакција на Македонците, ниту на сличните комитети создадени во внатрешност на Македонија. По воспоставувањето на бугарската административно-полициска власт во Македонија, во мај 1941 година, обласниот директор на Скпската област ја прекратил работата и самото постоење на Акциониот комитет. Акциониот комитет презел дејност сред македонскиот народ во Егејска Македонија и во делот под италијанска окупација за да се анкетира во барањата за присоединување и на овие области кон Царството Бугарија.
Група Чкатров - Ѓузелов
мини|лево|150п|Димитар Чкатровмини|десно|300п|Лево на десно Антон Козаров (најлево означен со број 1), Димитар Чкатров (број 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (број 2), Петар Думев (број 4), Димитар Ѓузелов (број 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор. Покрај бугарските акциони комитети, по навлегувањето на бугарската окупаторска војска во Македонија, приврзаниците на Иван Михајлов ја продолжиле соработката со Бугарската влада, а некои од нив соработувале и со германските окупаторски команди, но и со Иван Михајлов, кој во тоа време порестојувал во Загреб. На тој начин кај соработниците на окупаторските сили дошло до раслојување во две групи.
Во првата, меѓу поистакнатите личности биле: Димитар Чкатров, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов и други. Втората група ја сочинувале приврзаниците на Иван Михајлов, меѓу кои особено се истакнувале: Васил Хаџикимов, Стефан Стефанов, Кирил Дрангов, Борис Огненов ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008, страна 261 и други.
И двете групи имале бугарска национална определба и врз таа основа ја остварувале соработката со Бугарската влада. И едните и другите го прифаќале бугарскиот карактер на македонскиот народ, но се разликувале во однос на припадноста на идната држава. Првите иднината на Македонија ја гледале во прогласувањето на автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх, таа требало да има бугарски карактер, а нејзиниот службен јазик да биде бугарскиот литературен јазик. Вторите се залагале за обединувањето на Македонија во рамките на бугарската држава.
Иако и двете групи настојувале да се наметнат со своите ставови кај бугарските окупаторски власти и да ги реализираат своите идеи, тие останале разочарани од односот на бугарскиот држава, која единствено гледала да ги искористи нив за своите окупаторски цели, воопшто не обрнувајќ и внимание на нивните ставови кои биле во спротивност со политиката на Бугарската влада. Исто така, нивните идеи, освен кај мал дел од македонскиот народ, воопшто не биле прифатливи за македонскиот народот.
Групата околу Димитар Чкатров и Димитар Ѓузелов била составена главно од месната интелигенција. По навлегувањето на германската окупаторска војска, во оваа група дошло до раслојување во две помали групи. Првата се залагала Македонија да се присоедини кон Бугарија, а втората група, во која биле Д. Чкатров, Д. Ѓузелов, С. Китинчев и други, барала да се прогласи автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх.
Окупаторот пречекан како непријател Се покажало дека Бугарските соработници, нити имаат контрола над населението, нити дека населението има симпатии кон Бугарската војска.
Во некои градови влезот на Бугарските окупаторски сили бил пречекани со револт, акции па и протести од страна на Македонското население.Таков е случајот во Струмица, Куманово, Скопје, Тетово и неколку други градови.
Според сведочењето на Д.К.Будимовски во Скопје, на 7 април 1941, имало нешто околу 40 тина луѓе на „свечениот пречек“ на Бугарските „ослободители“, вбројувајќи ги тука нивните жени и деца. Додава дека Скопјани им направиле пречек со камења и јајца на локацијата на денешниот Дом на АРМ со извиците „Ууууааа опиничари“ и „Вратете се од каде што сте дошле!“.
Слично било и во Струмица. Каде настанот го опишува Мира Минанева. Иако во градот имало постари генерации кои му верувале на врховистот Ванчо Михајлов, а ги предводел Димитар Ѓузелов сепак свечен пречек немало. Туку со состанок на Градското Партиско Довереништво одржан на 8 април, преземени биле активности да се разобличат Бугарските тврдења дека ќе навлезе ослободителна војска. Тоа и им успеало, па така на 16 април штом се чула веста за пристигнување на Бугарската војска, масовно се собрале граѓани, младинци и работници кој носејќи мапа на етничка Македонија и пароли „Македонија на Македонците“, „Смрт на шпекулантите“, „Долу шпекулацијата“ пеејќи револуционерни песни дошло до судир меѓу граѓаните на Струмица со профашистичките / пробугарските групи кои го организирале пречекот. Истите биле истерани од градот и "свечениот пречек" морале да го направат надвор од градот. Со тоа јасно се ставило до знаење дека се пречекува непријател, а не ослободител."Судењата како последен пораз" од Јован Павловски, Тетово 1966, Скопје 1977
За лошото расположение на населението во Кумановскиот регион пак, сведочат и архивските материјали на штотуку конституираната бугарска окупаторска власт:До Г. Околискиот Управител - Куманово (доверливо) Населението ја пречека власта речиси рамнодушно, без да пројави некое посебно задоволство... 10 јули 1941 - Симеон Агов, Кмет на Клечевското селско општинско Управление До Г. Околискиот Управител - Куманово (доверливо)