Крапинско-загорска жупанија () — жупанија во северозападниот дел на Република Хрватска и припаѓа на просторот на централна Хрватска.
Географија Крапинско-загорската жупанија се граничи на север со Република Словенија и Вараждинската жупанија, на запад со Република Словенија, на југ со градот Загреб и Загрепската жупанија и на исток со Загрепската и Вараждинската жупанија. Таа го опфаќа јужниот дел на Хрватско Загорје и се наоѓа меѓу Медведница, Калник, Иванчица, Страхинчица, мацељска Гора и реката Сутла. Релјефот е претежно ритчест, а низ жупанијата поминува реката Крапина. Жупанијата е густо населена, но поголемите населби се сместени по речните долини, додека останатите населби се мали и раштркани. Најголемо место е Крапина, кое лежи во долината Крапинчица. Областа е позната и по големиот број извори на термални води.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
Население Според пописот од 2011 година на подрачјето на Крапинско-загорската жупанија живееле 133,064 жители, што е околу 3% од вкупниот број на жители во Република Хрватска. Етнички состав бил следниот: Хрвати 98,4%, Словенци 0,3%, Срби 0,2% и други.
година на попис 2011 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857
|Жители''' 133.064142.432 148.779153.567161.247168.952178.938181.586175.227163.594168.404152.047139.547125.394113.711100.804
Извор
ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
Надворешни врски Официјален портал на жупанијата http://www.zagorje.hr/
Наводи
Категорија:Жупании во Хрватска