Југ-Пиринеи (; или ) е најголемиот региони на континентална Франција според површина, поголем од Холандија или Данска.

Југ-Пиринеи не е историска или географска целина туку вештачки бил создаден кон крајот на XX век за да служи како подрачје на влијание на неговиот главен град Тулуза, еден од таканаречените „рамнотежни метрополи“ (métropoles d'équilibre).Во 60-тите, осум големи регионални градови во Франција (Тулуза, Лил, Нанси, Стразбур, Лион, Нант, Бордо, и Марсеј) биле направени „рамнотежни метрополи“, добивајќи посебна финансиска и техничка поддршка како противтежа на Париз (децентрализација). Друг ваков пример е регионот Рона-Алпи кој бил создаден како регион за Лион. За името одлучила централната власт и истото е одлика на географскиот аспект без прибегнување кон историските провинции во оваа област (Midi ("Јужна Франција") - Pyrénées (Пиринеи – планините кои се природна јужна граница која Франција ја одвојува од Шпанија).

Историски аспект thumb|left|250 px|Пејзаж во Горна Гарона, Југ-Пиринеи thumb|left|250 px|Пејзаж во Жер, Југ-Пиринеи Историски, Југ-Пиринеи се составен од повеќе француски провинции кои постоеле во минатото: 24.2% од територијата на Југ-Пиринеи било дел од поранешна Гаскоња. Регионот Аквитанија исто така е дел од Гаскоња. 23.4% од територијата било дел од Лангдок чиј преостанат дел денес е во регионот Лангдок-Русијон. 19.9% од Југ-Пиринеи е дел од поранешен Руерг. Целата поранешна провинција Руерг денес е дел на новосоздадениот регион Југ-Пиринеи. 15.4% од Југ-Пиринеи е поранешен Керси. Целата поранешна провинција е интегрирана во новиот регион. 16.6% од Југ Пиринеи биле серија помали провинции, од исток кон запад: Грофовство Фоа (источна половина од Арјеж), Кузеран (западен дел од Арјеж), Небузан (краен југ на Горна Гарона и краен исток на Горни Пиринеи), Четири Долини и Бигор (запад и центар на Горни Пиринеи). Сите овие провинции целосно се содржани во денешниот регион Југ-Пиринеи. 0.5% од територијата било Ажене. Поголемиот дел од Ажене денес се протега во регионот Аквитанија. Ваквата поделба на Југ-Пиринеи не била лесна бидејќи провинциите кои се именувани погоре биле поделени на pays (буквално "земји", односно држави), секоја со свој посебен идентитет. Сите овие поранешни историски провинции биле во минатото создадени од старата римска провинција Новемпопулана, подоцна позната како Васконија (поради влијанијата на Баските), а подоцна како Гасконија, односно Гаскоња. После 16 век овие пиринејски провинции биле дел од воениот регион Гаскоња. Доколку овие пиринејски провинции се сметаат за Гаскоња, тогаш 35.4% од Југ-Пиринеи би бил дел од Гаскоња, а 23.4% дел од Лангдок.

Демографија frame|right|Департмани:1. Арјеж2. Авејрон3. Жер4. Горна Гарона5. Горни Пиринеи6. Лот7. Тарн8. Тарн и Гарона Тулуза и околината е густо населена и некаде густината на население достигнува и до 3,500 жители на км² додека некои територии во регионот бележат само 12 до 60 жители на км², што според проценките е најниската населеност во цела Европа.

Регионот Југ-Пиринеи броел жители во 2007Населението во Југ-Пиринеи во 2007 од кои : Број на жители по департман во Југ-Пиринеипроценки на INSEE - 1 јануари 2006 Департман Број на жители Арјеж 148 568 Авејрон 275 800 Горна Гарона 1 Жер Лот Горни Пиринеи Тарн Тарн и Гарона 222 900

Тулуза и околината е густо населена и во некои области густината на население достигнува и до 3,500 жители на км² додека пак други територии во регионот бележат само 12 до 60 жители на км², што според проценките е најниската населеност во цела Европа. Тулуза и околината брои 1,000,000 жители и е далеку понаселен од второрангираниот град во Југ-Пиринеи Тарб, со само 110,000 жители.

Во однос на старосната структура, населението во Тулуза и околината е значително помладо и со повисок степен на образование за разлика од останатиот дел на Југ-Пиринеи. Надвор од околината на Тулуза населението старее и се разретчува, како што е случај со Лимузен и други слични области во Франција. Заради овие причини, Југ-Пиринеи честопати се нарекува "Тулуза и јужно-пиринејската пустина", што се однесува на познатата реченица "Париз и француската пустина" што ја изрекол францускиот географ Жан-Франсоа Гравие зборувајќи за централизацијата во 1947, кога со огромната експанзија на Париз и неговата околина, многу поголем од останатите градови во Франција, можел набрзо кон себе да го привлече целото француско население и економија, претворајќи го остатокот на државата во пустина.

Јазик Денес, францускиот јазик е доминантен јазик во целиот регион додека порано, до почетокот на 20 век, окситанскиот јазик секојдневно се користел во долините на Гарона и Тарн. Подалечните и поизолираните подрачја повеќе го задржале својот традиционален јазик така што тој сè уште можел да се слушне на пазарите во Гаскоња или Руарг сè до 70-тите на минатиот век. Сепак, промените во последните години на 20 век придонеле овој јазик полека да изумира и покрај регионалните напори за негово заживување со тоа што бил вклучен како предмет во училиштата. Денес на окситански главно зборуваат постарите луѓе во подалечните области Керси, Руерг а гаскоњски јазик зборуваат постарите кои живеат во подалечните области на Гаскоња и по пиринејските долини. Регионалниот канал France 3 неколку часа неделно емитува програми на окситански (но не и на гаскоњски). Бранителите на гаскоњскиот јазик негодуваат заради хегемонијата на окситанскиот јазик додека некои самопрогласени јазичари, како Лафит, одбиваат гаскоњскиот да се класифицира како дијалект на окситанскиот јазик. Францускиот јазик во Југ-Пиринеи се зборува со карактеристичен југозападен нагласок (со многу варијанти од Руерг, до Тулуза и Бигор). Згора на тоа, луѓето од Југ-Пиринеи користат некои изрази кои се разликуваат од оние на стандарден француски јазик и тешко се разбираат надвор од регионот. Во однос на тоа, јазичаричката ситуација во Југ-Пиринеи може да се спореди со онаа на Ирска, каде ирско-галскиот дијалект иако во изумирање, оставил силен печат на акцентот и вокабуларот.

Стопанство thumb|Ербас А380, чии делови се составуваат во Тулуза Југ-Пиринеи е најголемиот регион во Франција. Тој зазема стратешка положба меѓу Средоземното Море и Атлантскиот Океан. Во 2006 вкупниот БДП изнесувал 87,915 милијарди $ for на популација од 2,755,000 жители. БДП по глава на жител изнесувал $32,519 годишно и стапка на невработеност од 8.9%.

Регионалната економија доминира во урбаната област на Тулуза. Главната дејност на Тулуза е во воздухопловната индустрија. Само Ербас (Airbus), првиот светски производител на комерцијални авиони, има околу 20 000 вработени во регионот. Во однос на земјоделието, поради големината на регионот, тој има околу 60.000 активни фарми за развој на сточарството на земјоделска површина од 2.6 милиони хектари.

Тулуза исто така е значаен во областа на науката и истражувањето со својот три универзитета и големиот број на факултети.

Туризам

thumb|Рокамбур, во департманот Лот под заштита на УНЕСКО, е едно од најпосетуваните места во Франција со повеќе од 1,5 милиони посетители, веднаш зад Ридот Сен-Мишел, Ајфеловата кула и Версај Туризмот е значајна дејност во регионот како поради топлата клима и добрата местопоставеност, така и поради присуството на Пиринеите. Регионот е познат по својата гастрономија и по квалитетот на живеење. Освен вообичаениот туризам кој го нудат природните ресурси, Југ-Пиринеи честопати е посетуван и од страна на религиозните христијани кои го посетуваат малиот познат град Лурд, како нивно место на поклонение. Лурд е втората најпосетувано одредиште во Франција после Париз.

Природно и културно наследство

Знаменитостите во регионот се класифицирани по региони:

Арјеж Замокот Лагард - Замокот Фоа;

Авејрон Родез - Конк - Вијадуктот Мијо - Вилфранш-де-Руерг - Нажак;

Жер Ош - Маркијак - Баиз - Армањак

Горна Гарона Тулуза - Каналот на двете мориња (под заштита на УНЕСКО) - Лишон;

Горни Пиринеи Јужен бигорски врв - Лурд - Мост на Шпанија - Гаварнија;

Лот Каор - Фижак - Рокамадур - Долина на Дордоња - Сен-Сирк-Лапопи

Тарн Алби (Катедрала Света Сесилија од Алби- под заштита на УНЕСКО) - Корд-сир-Сиел - Сорез - Ревел-Сен Фереол

Позначајни градови thumb|300px|Плоштад Капитол во Тулуза, со окситанскиот крст дизајниран од Ремон Морети Алби Ош Блањак Каор Кастр Коломие Лурд Мијо Монтобан Мире Родез Тарб Тулуза Турнфеј

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Југ-Пиринеи Регионален портал на INSEE Види - Тематско досие на INSEE, демографска и социјална статистика.

Наводи

Категорија:Поранешни региони во Франција Категорија:Историски области во Франција Категорија:Окситанија