thumb|120px| Богот Ад.
Ад () — во старогрчката митологија, син на титаните Хрон и Реја; еден од четирите браќа што владееле со светот. Тој бил бог на подземјето, „темното царство“ така што често подземниот свет се нарекува „ад“.Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 225 - 226.
Поделба на власта
По падот на Титаните, заедно со браќата Зевс и Посејдон го сочинувал тројството на најголеми грчки богови. Кога го одзеле престолот на таткото Крон, ја поделиле власта. На Зевс му припаднала власта над небото и земјата. Посејдон ја добил власта над морето, а Ад станал владетел на подземниот свет.
Особености
Неговата сила и власт се споредува со силата на Зевс на горниот свет. Тој бил Зевс на подземјето, неговата сила, суровост и неумоливост се огледувале во тоа што неговите поклоници никогаш не гледале во негоовиот лик кога принесувале жртви. Неговата сопруга била Персефона.
Негов еквивалент во римската митологија е богот Плутон.
Наводи
Категорија:Богови на Подземјето Категорија:Богови на Земјата Категорија:Олимписки богови Категорија:Кралеви во грчката митологија Категорија:Елевсински мистерии Категорија:Божества од Илијада Категорија:Божества од Енеида Категорија:Ликови од Одисејата Категорија:Деца на Крон