мини|десно|300п|Слободните територии во Вардарска Македонија во 1942 г. Развојот на народноослободителната борба на Македонија се одвива во текот на 1942 година. Во овој период се формираале четири нови одреди во Скопско, Битолско, Прилепско и Велешко. Покраинскиот воен штаб бил преименуван во Главен штаб на НОПО, на чело со Михаило Апостолски (летото 1942) и беа формирани уште четири одреди во Битолско, Крушевско, Мавровско и на Шар Планина. Во Пиринскиот дел на Македонија беа формирани нови партизански групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко и беше извршен оружен напад на германската станица за врски во Горна Џумаја. Во Воденско, во Егејскиот дел на Македонија, беше формирана Македонската антифашистичка организација (МАО). Ширум Македонија беа покренати нови илегални весници: Политики листок, Народен глас, Весник, Билтен, Октробрис, Неделен весник, Народен глас и др.
Засилена активност во Вардарска Македонија thumb|350px|right|Вардарска Македонија во рамките на етничка Македонија Во текот на 1942 година народноослободителното движење во Вардарска Македонија се развивало во неколку фази. Првата фаза започнала со излегувањето на новите одреди во април и траела до јули 1942 година. Во тој период се развивала политичката атигација и се одвивало военото организирање, а во Скопско, Велешко, Прилепско, Битолско, Крушевско и во Ресенско излегле одреди и се вршеле оружени акции. Втората фаза траела од јули до есента 1942 година. Во тој период се зацврстил Главниот штаб, а некои членови на ПК и на Главниот штаб заминале на терен за да ја пренесат директивата за засилување на оружената борба и да им помогнат на месните воени штабови и партиски организации. Третата фаза започнала есента 1942 година, кога Главниот штаб започнал да презема мерки за реорганизација и за поголема самостојност на партизанските одреди. Во оваа фаза одредите добиле задача секојдневно да вршат акции на железничките линии и патните комуникации, да прекинуваат телефонски линии, да вршат диверзии во рудниците што ги користеле окупаторите. Поради таквите акции одредите почнале да се движат на поширок простор од роднокрајната територија. На тој начин поголемиот дел од територијата бил покриен со партизански одреди, оружената борба се засилила во сите краеви и се создале основните претпоставки за формирање македонска регуларна војска. Јануарско советување Сложената положба во вардарскиот дел од Македонија придонела во Покраинскиот комитет на КПЈ, под раководство на Бане Андреев, да се јават различни размислувња за надворешната и внатрешната политика, како и за воената сотојба, а особено за местото и улогата на партизанските одреди.
Бугарските власти започнале со мобилизација на Македонците во окупираните територии, а ПК немал сила да ја попречи мобилизацијата. Тактичките неуспеси на партизанските одреди од дел од раководната структура биле разбрани како војнички и политички порази на ослободителната борба. Напластените проблеми биле разгледани на Јануарското советување одржано во Скопје на 7 јануари 1942 година. На ова советување учествувале 25 делегати и други кумунистички дејции. На советувањето било одлучено во иднина партизанските одреди треба да бидат мали и подвижни, да имаат народен карактер, а нивната цел е преку развивање на националноослободителната борба да се извојува национална слобода на македонскиот народ. Во однос на дејноста на ПК било одлучено засилување на партиската политичка активност сред селаните.
Покраински штаб ПК и Покраински штаб под влијание на внатршната и надворешната состојба, во март 1942 година донеле одлука за организирање на нови партизански одреди, констатирајќи дека вооружената борба е единствениот начин за извојување на национална слобода. Во перидот март-април Покраинскиот штаб започнал подготовки за оргазнизациско формирање на нови партизански одреди, начинот на нивното дејствување, утврдување на нивните задачи и слично. Било одлучено да се формираат пртизански одреди на целата територија на Вардарска Македонија. Во април 1942 година, уште пред формирањето на партизанските одреди, Покраинскиот штаб за непосредно раководење на партизанските одреди на просторот Велес - Крушево - Прилеп - Битола - Ресен формирал оперативен штаб во состав: Кирил Крстевски - Платник, Трајко Бошковски - Тарцан и Перо Тиквар. Штабот имал задача да го забрза формирањето на новите одреди, нивното војничко оспособување и кординирање на нивните дејствија.
Оперативни штабови Во текот на процесот на вооружената борба се јавила потреба од создавање на окружни опративни штабови во реоните каде дејствувале партизанските одреди. Отука, бил формиран оперативен штаб за Битолско - Преспанско - Крушевско, меѓутоа обидот за Прилепско - Велешкиот реон бил неуспешен.
Создавање на партизански одреди во првата половина на 1942 година мини|лево|150п|Стефан Наумов - Стивмини|десно|150п|Елпида Караманди Согласно одлуките, се започнало со подготовките за формирањето на нови партизански одреди, подготовките биле насочени кон сондирање на планинските реони, каде требало да се формираат бази, создавање на органи во селата и пренесување на оружје и храна во базите и селата. Бил изршен избор на раководниот кадар на партизанскиот одреди какко и почетниот состав на самите одреди, во кои биле вклучени партизаните од претходната година, илегалци и компромитирани лица, војници што бие мобилзирани од бугарските власти и др.
Во текот на подготовките за формирање на партизанските одреди, бугарската полиција го открило присуството на некои илегална дејци во Битола. Во судирот со полицијата загинал Јордан Чопела - Кулакот, а некои биле уапсени. По оваа провала, партислата организација ги повлекла своите илегални дејци ог Битола.
Од нив и од новопридојдените борци на 22 април 1942 година во базата кај селото Лавци бил формиран Битолскиот партизански одред Пелистер составен од 21 борец. Одредот бил формиран од Стефан Наумов - Стив, а во него биле: Ангелевски Тодор-Тошо Даскало, Божиновски Пецо-Кочо, Димитровски Блажо- Рогузинаро, Димитровски Томе-Томаќи, Ѓорѓиевски Никола-Никлецот, Живковски Александар-Цане, Илиевски Томе-Поштаро, Јосифова Мара-Ѓурѓа, Караманди Елпида-Бисера, Крстевски Киро-Платник, Михајловски Ордан-Оцка, Наумов Ѓорги-командант на одредот, Николовски Димитар-Таки Даскало (политички комесар), Попандоновски Андон, Стојановски Веле-Фурнаџивчето, Трајковски Стево-Тефико, Хаџипоповски Димче, Хаџипоповски Лазо-Пламен, Христова, Ванда-Доста и Ордановска Јоска-Сандански . Vо неговиот состав имало и Прилепчани кои како илегалци жиееле во Битола и Битолско, но поголемиот број биле од Битола.
Дознавајќи за постоењето на партизански одред во близината на Битола, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале блокада на месноста каде се наоѓал одредот, т.е.во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани околу неколку илјади лица, војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 мај веќе бил затворен. Уште во самото утро, одредот ја прифатил нерамната борба. Во борбата, партизаните покажале храброст и дале голем отпор. Тогаш загинале Елпида Карманди-Бисера (ранета, после убиена), Јосифовска Мара-Ѓурга, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Хаџипоповски Димче, Михајловски Ордан-Оцка и Јордановска Јоска-Сандански.
Военото и партиското раководство во Скопје на 16 април 1942 година испратло група на борци на Скопска Црна Гора, кон кои се приклучиле илегалните борци од Скопскиот партизански одред од 1941 годиа. Од сите ови еборци бил формираан новиот скопски одред, познат како втор скопски одред.
Во средината на април 1942 година бил формиран велешкиот партизански одред. Овој одред на планината Лисец на 9 јуни 1942 година заробил 2 бугарски офицери, а на 14 јуни 1942 година водел борба со бугарската војска и полиција од скопксиот и велешкиот гарнизон. Во втората половина на јуни 1942 година во реонот на селата Зашле, Пуста Река и Горно Дивјаци бил формиран Крушевскиот партизански одред Питу Гули мини|десно|350п|НОПО Даме Груев По разбивањето на одредот Пелистер се започнало со подготовки за исфрлање на нов одред. По извршените подготовки на 6 јули 1942 година во месноста над село Златари до „Синедолското кладенче“ на свечен начин бил формиран Одредот кој го добил името Даме Груев. Одредот првобитно се состоел од 17 партизани. Тоа биле: командир-Ѓоре Велковски-Косте, заменик командир-Наум Веслиевски-Овчарот, политички комесар-Јосиф Јосифовски-Свештарот, заменик политички комесар- Илија Спировски, Пецо Божиновски-Пецо Гавро Пановски-Јуноша, Петар Љутовски-Маљчик, Вангел Нечевски-Тунело, Ристо Тодоровски-Фет, Виктор Мешулам-Бустрик, Пепи Песо-Цане, Илија Ивановски-Томе, Ламбе Бошевски-Јани, Крсте Соколовски-Јордан, Мите Трајчевски-Васил, Славе Илиевски-Стево и Илија Илиевски-Цветан. Од сите борци биле формирани три десетини на чело со десетари. Во партизанскиот логор животот се одвивал по строго војнички ред. Одредот поседувал мала библиотека, биле одржувани воени и политички часови, вежби и слично.
И покрај тактичките неуспеси во борбите на партизанските одреди во 1941 година, со засилената активност во текот на првата половинја на 1942 година во Вардарска Македонија биле формирани шест нови партизански одреди.
Од април до почетокот на јуни 1942 година голем дел од Вардарска Македонија била опфатена од дејствијата на партизанските одреди. Во овој перид, одредите биле насочени кон нивно војничко, организациско и политичко зацврстување, како и агитација сред македонскиот народ за приваќање на идејата за борба против окупаторот и ослободување на Македонија.
Засилена активност во пиринскиот дел на Македонија во 1942 година Во Пиринска Македонија по појавата на првите партизански групи во 1942 година, бугарските власти извршиле голем притисок врз македонскиот народ, меѓутоа раководителите од овој дел на Македонија ја продолжиле својата активност за засилување на вооружената борба. За го неутрализира или во најмала рака да го ограничи влијанието на официјалната бугарка пропаганда сред партизанското движење, Никола Парапунов во 1942 година испартил писмо до дејците во Разлошко и во него истакнал дека нема место за колебење и половичност во однос на потребата за засилување на партизанската борба, дека не постои среден пат и друг излез. Опуртунистички е да се изчекува победата на Русија. Слободата не треба да се чека како подарок од други, туку треба да се извојува Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година.
Писмото наишло на одобрување низ цела Пиринска Македонија, а особено во Разлошко, каде што Парапунов имал силна поддршка. Непосреден резутат од писмото е зголемувањето на бројот на партизанските групи и засилувањето на нивните акции. Биле презмени и чекори за поврзување на партизанското движење во пиринскиот со партизанските движења во егејскиот и во вардарскиот дел од Македонија. Во овој период била изведена акција во градот Горна Џумаја.
Засилена активност во егејскиот дел на Македонија во 1942 година Темпото со кое започнала борбата во Егејска Македонија во 1941 година, продолжило и во текот на 1942 година. Во овој период КПГ и ЕАМ успеале организацикси да го опфатат голмел дел од населението во Грција и Егејска Македонија. ЕЛАС ја проширил својата организициска мрежа на целата територија. Кукушката чета на капетанот Петрос се префрлила на Пајак и Кожуф и речиси во текот на целата 1942 година се посветила на политичка дејност. Во април 1942 година во реонот на Корешта во манастирот св. Троица се формирал партизански одред составен претежно од Македонци на чело со Наум Пејов и Коста Тропвски. При формирањето на одредот присустѕвувал и Лазо Трповски кои се залагал за формирање на македонски одреди Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.. Во исто време се формирал и партизански одред во реонот на Полето, Костурско.