Гуцон Борглум (, Св. Чарлс, Ајдахо, САД - , Чикаго, Илиноис) бил американски вајар.
Животопис
Роден во семејство на дански имигранти, студирал уметност во Париз. Во 1901 година, отворил студио во градот Њујорк. Неговата бронзена статуа, „Кобилите на Диомед“ била првата американска скулптура што ја купил Музејот на уметности Метрополитен. Ја изделкал главата на Абрахам Линколн во ротондата на американскиот капитол. Во 1916 година бил овластен да изваја споменик за конфедерацијата на Камената Планина Џорџија, но недоразбирањата со неговите покровители го натерале да го напушти проектот во 1924 година; проектот бил завршен од други. Неговиот најзначаен проект бил Националниот споменик на планината Рашмор (завршен во 1941 година).
Категорија:Американски вајари