Џејмс Р. „Џим“ Џармуш () е американски независен режисер, сценарист, глумец, продуцент, уредник и композитор, еден од најзначајните претставници на „независниот филм“, особено во 1980-те и 1990-те години.
Животопис
Џармуш е роден во семејство од средната класа, во едно предградие во Охајо, во 1953 година. Мајка му, со ирско и германско потекло, била рецензент за филм и театар за Акрон Бекон Журнал пред да се омажи за неговиот татко, кој бил стопанственик со чешко и германско потекло, вработен во компанијата Гудрич. Џим бил средното од трите деца, а мајка му го запознала со светот на филмот со тоа што го оставала во локалното кино денски додека таа била на работа. Првиот посериозен филм на кој Џим се сеќава дека го гледал бил филмот од 1958 година Патот со грмотевици (во кој глуми Роберт Мичам), а насилството во филмот оставило силен впечаток на седумгодишниот Џармуш. Друг филм кој му оставил впечаток во детството бил филмот Гуларди, ексцентричен хорор филм.
И покрај неговиот ентузијазам за филмот, Џармуш бил страстен читател во младоста, и многу се интересирал за литературата, во што го охрабрувала неговата баба. Одбивал да оди во црква со родителите (не бил восхитен од „идејата да седи во здодевна соба“), Џармуш ѝ дозволил на литературата да ги оформи неговите метафизички верувања и да го води кон сфаќање на теологијата во неговите тинејџерски години. Развил вкус за контракултурата: тој и неговите пријатели ги краделе плочите и книгите од своите постари браќа и сестри. Изработувале лажни документи со кои можеле да влегуваат во баровите за викенди, но исто и во локалното кино каде се прикажувале порнографски филмови, но и андерграунд филмови, како на пример филмот на Енди Ворхол Девојките од Челзи. Во еден период, Џармуш бил чирак на комерцијален фотограф. Подоцна изјавил: „Додека растев во Охајо, планирав да си одам од таму.“
Откако завршил средно училиште во 1971 година, Џармуш се преселил во Чикаго и се запишал во школата за новинари Медил на Северозападниот Универзитет. Откако бил избркан од таму затоа што не сакал да оди на часови по новинарство (Џармуш повеќе ги сакал часовите по литература и историја на уметноста) се префрлил на универзитетот Колумбија наредната година, со намера да стане поет. Студирал англиска и американска литература, а професори му биле авангардните поети Кенет Коч и Дејвид Шапиро. На универзитетот Колумбија започнал да пишува кратки „полураскажани апстрактни текстови“, и го уредувал списанието за литература Колумбија Ривју.
За време на последната година од студиите, Џармуш се преселил во Париз на летен семестар, размена на студенти, каде останал десет месеци. Таму работел како разнесувач во една уметничка галерија, а најголемиот дел од времето го минувал во француската синематека.
Џармуш дипломирал на универзитетот Колумбија во 1975 година.Игор Иванов, „Непрекинато глуварење“, Економија и бизнис, година 16, број 183, септември 2013, стр. 84.
По враќањето од Париз во 1976 година, Џармуш бил без пари и работел како музичар во Њујорк, каде од каприц се пријавил на престижната школа за филм на Универзитетот во Њујорк (во тоа време под водство на холивудскиот режисер Ласло Бенедек). И покрај тоа што немал никакво искуство со филм, примен е во школото. Таму студирал четири години, ги запознал студентите и идните соработници Сара Драјвер, Том Дичило и Спајк Ли. Кон крајот на 1970-те години, во Њујорк, Џармуш и неговите пријатели станале дел од алтернативната културна сцена во клубот „CBGB“.
Последната година од неговите студии во Њујорк, Џармуш работел како помошник на режисерот Николас Реј, кој во тоа време предавал на катедрата. Џармуш му го покажал на својот ментор своето прво сценарио, а Реј го одбил велејќи дека нема доволно акција, на што Џармуш одговорил со тоа што го преработил сценариото да биде со уште помалку настани. Кога Џармуш се вратил со преработеното сценарио, Реј позитивно изреагирал на тврдоглавоста на својот студент. Џармуш бил единствениот човек што Реј го зел со себе на работа - како личен помошник – на снимање на филмот „Громови над водата“, документарен филм за неговите години пред смртта, каде соработувал со Вим Вендерс. Николас Реј умрел летото во 1979 година, по долги години борба со ракот. Неколку дена подоцна, охрабрен од Реј и њујоршкиот филмски работник Амос По, со парите што ги добил од една фондација како школарина, Џармуш почнал да снима филм. Универзитетот не бил импресиониран од начинот на кој Џармуш ја трошел школарината, како ни од неговиот проект, одбил да му ја даде дипломата на Џармуш.
Филмови Првиот филм: Одмор и Рај Проектот што го работел Џармуш на универзитетот во својата последна година, завршен е во 1980 година, и добил наслов „Постојан одмор“. Тоа е неговиот прв филм. Направен е со буџет од околу 12 илјади долари, а го снимил Том Дичило на 16 милиметарски филм. Филмот трае 75 минути, и е квазибиографија на еден скитник (Крис Паркер), неговото скитање низ центарот на Менхетн. Филмот не бил емитуван јавно, па не привлекол никаква критика, што нема да е случај со неговите натамошни филмови. Новинарот од „Вашингтон пост“ Хал Хинсон, омаловажувачки ќе искоментира за време на прикажувањето на филмот на Џармуш „Мистериозен воз“ (1989) дека кога режисерот имал деби (т.е. со првиот свој филм) „единствениот талент што го покажал било да собере неверојатно неталентирани глумци“. Така, недовршениот Постојан одмор е еден од најличните филмови на режисерот, каде се поставени многу од значенките што ќе ги покаже во своите подоцнежни филмови, како што се напуштени урбани средини, случајни средби и испревртена чувствителност.
Првиот позначаен филм на Џармуш е „Почудно од рајот“, произведен со буџет од околу 125 илјади долари, прикажан во 1984 година, и проследен со премногу критика. Овој филм е безизразна комедија, чудно патување на тројца разочарани млади од Њујорк низ Кливленд до Флорида, прекршил многу конвенции во традицијата на снимање филмови во Холивуд. Добитник е на наградата „Златна камера“ на Канскиот филмски фестивал во 1984 година, како и на наградата за најдобар филм во 1985 година што ја доделува Здружението на филмски критичари, и со тоа филмот станал симбол на новиот независен филм.
Надвор од законот, Мистериозен воз и Ноќ на Земјата Во 1986 година, Џармуш го напишал и го режирал филмот „Надвор од законот“, во кој глумат музичарите Џон Лури и Том Вејтс, како и италијанскиот комичар Роберто Бенињи (што претставува негов прв настап за американската публика). Тие се тројцата затвореници кои бегаат од затворот во Њу Орлеанс. Снимен е исто како и претходните филмови на Џармуш - во црно-бела техника, а на овој филм Џармуш за првпат соработува со прочуениот холандски кинематограф Роби Милер, кој бил познат по соработката со Вендерс. Истата година, за филмот „Кафе и цигари“, на Фестивалот во Кан, Џармуш ја добил малата „Златна палма“ за најдобар краткометражен филм.Игор Иванов, „Непрекинато глуварење“, Економија и бизнис, година 16, број 183, септември 2013, стр. 84-85.
Неговите два наредни филма се експериментирање со паралелни раскажувања: „Мистериозен воз“ (1989) раскажува три последователни приказни кои се случуваат во иста ноќ во хотел во Мемфис, a „Ноќ на Земјата“ (1991)See Gabri Ródenas (2009), Guía para ver y analizar Noche en la Tierra de Jim Jarmusch, Barcelona/Valencia: Octaedro/Nau Llibres, ISBNs: 978-84-8063-931-6 /978-84-7642-776-7. Unluckily, It's not in English, just in Spanish зборува за петмина таксисти и нивните патници кои се возат во пет различни градови во светот. Филмот почнува на зајдисонце во Лос Ангелес, а завршува на изгрејсонце во Хелсинки. Помалку мрачен од претходните негови филмови е „Мистериозен воз“, кој ја содржи концепцијата за Америка на Џармуш. Филмот „Ноќ на Земјата“ го напишал за една недела, додека бил разочаран поради колапсот што се случил со друг филм што претходно го напишал, и со желба да соработува на филмот со пријателите како Бенињи, Џина Роулендс и Исак де Банкол.
Како резултат на неговата работа, Џармуш станал влијателен во новиот тренд на САД на таканаречен уличен филм. Овие филмови на Џармуш станале омилени, и добиле мала но посветена група следбеници во Америка, но во Европа и Јапонија сметани за култни филмови. Секој од четирите филма имал своја премиера на еминентниот филмски фестивал во Њујорк, а „Мистериозен воз“ бил испратен на Канскиот филмски фестивал во 1989 година. Естетиката на Џармуш поттикнала лавина од критики во овој период.
Во 1991 година, Џим Џармуш се глуми себеси во првата епизода на култната телевизиска серија на Џон Лури, „Риболов со Џон“.
Крајот на деведесеттите, експерименти со жанрот: Мртовец и Дух куче Во 1995 година, Џармуш го снимил Мртовец. Приказната е за Дивиот Запад во 19 век, а главните улоги се на Џони Деп и Гари Фармер. Трошоците за филмот биле речиси 9 милиони долари, а во филмот се појавуваат и Џон Херт, Габриел Бирн и Роберт Мичам. Филмот претставува значајно отстапување од дотогашното режисерско остварување на Џармуш. Сериозен, тематски експанзивен, овој филм претставува еден надреален карактер. Филмот е снимен во црно-бела техника, снимател е Роби Милер, музиката е на Нил Јанг, за кого Џармуш потоа го снимил документарецот Година на коњот, прикажан во 1997 година.
Иако лошо дочекан од американскиот мејнстрим, Мртовец наиде на прием кај публиката и критичарите надвор од САД, а многумина го нарекоа „визионерско ремек-дело“. Овој филм е поздравен како еден од ретките филмови направени од белци во кој се прикажува автентичната индијанска култура, а Џармуш одлично го претставил Дивиот Запад, насилството и посебно домородните народи.
Успехот и позитивните критики кај американската заедница на независен филм, Џармуш ги добил со филмот за далечниот Исток, филозофскиот криминалистички филм Дух куче: Патот на самурајот, снимен во Џерси. Форист Вајтејкер глуми млад градски човек кој смислата на животот ја наоѓа во бескомпромисното прилагодување кон Хагакура, филозофски текст од 18 век. Тој вежба да стане самурај. Музиката за филмот е на RZA од кланот Ву-Танг. Филмот покрај другото е уникатен поради многубројните книги што се дискутираат од страна на ликовите, а повеќето од нив се набројани на крајот. Филмот исто така се смета дека му укажува почит на постариот филм Le Samourai од 1967 година, француски нов бран од Жан-Пјер Мелвил, во кој глуми познатиот француски глумец Ален Делон.
Период: Цигари, Цвеќиња и Контрола После филмот Дух куче, Џармуш прави пауза од пет години, како што самиот изјавил: поради креативна криза што настапила после терористичките настаните од 11 септември во Њујорк. Во 2004 година конечно се појавува филмот Кафе и цигари, колекција од единаесет кратки филмови на ликови кои седат, пијат кафе, пушат цигари и муабетат. Овие кратки филмови Џармуш ги снимал во текот на претходните 20 години. Првиот е снимен во 1986 година, со Роберто Бенињи и Стив Рајт. Во 1993 година, е снимен делот „Некаде во Калифорнија“, во кој се појавуваат Том Вејтс и Иги Поп, за кој има добиено награда Златна Палма за краток филм.
Во 2005 година се појавува Скршени цвеќиња, во кој игра Бил Мари како прерано пензиониран, кој оди да ја бара мајката на својот незнаен син со цел да ја надмине кризата на средновечноста. После овој филм, Џармуш потпишува договор со Фортисимо Филмс, со кој договор се одредува дека дистрибутерот ќе финансира, ќе има право прв да го дистрибуира филмот, но и ќе ги покрие дополнителните трошоци на неговата продуцентска куќа, Ексоскелетон.
Филмот Границите на контролата, премиерно е прикажан во САД на 22 мај 2009 година. Ова е криминалистички филм за Шпанија во кој главната улога е на Исак де Банкол како осамен атентатор на тајна мисија. Документарниот филм Позади со Џим Џармуш претставува три дена од снимањето на филмот „Границите на контролата“ во Севиља на режисерот Леа Риналди.
Во октомври 2009 година, Џармуш се појавува во епизода од серијата Здодевно до смрт.