Капелата на Свети Никола (украински: Каплиця святого Миколая ) е поранешен верски објект кој се наоѓал во Киев, Украина.

Капелата била изградена во периодот од 1865 година до 1867 година, а била разрушена во 1926 година од страна на болшевиците.

Капелата се наоѓала пред влезот на Николаевскиот мост.

За изградбата на капелата за првпат започнало да се размислува во 1861 година. Во 1865 година бил одобрен планот од страна на рускиот цар Александар II.

Категорија:Цркви во Киев Киев Категорија:Поранешни верски објекти во Киев Категорија:Капели