мини|десно|270п|Тела од Бабунската акција Бабунската акција или Масакрот кај Сеченица — колење извршено од страна на велешкиот и прилепскиот бугарски гарнизон во Втората светска војна, со поддршка на полицијата, контрачетите и специјални воени единици обучени да водат борба со герилски единици, специјалните единици биле доведени од Скопје и Бугарија, против Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ на просторот Прилеп - Велес, во октомври 1942 година. Во неа, на 17 октомври 1942 година во Богомила брутално беа убиени и масакрирани 16 борци. Покрај нив, 64 души беа интернирани во логорите во Бугарија, а други 48 во затворите во Скопје и Велес. Една недела по овој масакр, на 24 октомври 1942 година бил извршен масакр во Долно Јаболчиште.
Жртви мини|десно|270п|Спомен-плоча на загинатите на селските гробишта во Богомила Помеѓу загинатите биле:
Ристо Поповски, Тоде Јаневски, Шефки Исмаиловски, Милан Гиновски, Ванче Анастасовски, Веле Јаневски, Тоде Димитриевски, Игно Алексовски, Борис Јаневски, Петре Димовски, Коста Николовски, Ризо Јаневски, Петре Тодоровски, Темелко Ѓорѓиевски, Петре Стефановски и Тане Ристовски.Б О Г О М И Л А, Лексикон, изработил Јовановски Влатко
Наводи
Категорија:Масакри во Македонија
Категорија:Велес во НОБ