Драгољуб Михаиловиќ - Дража ( - ), познат како „Чичко Дража“ (Чича Дража) — српски и југословеснки генерал, воен злосторник, соработник на фашистичките окупатори и водач на српските Четници. За време на Балканските војни и Првата светска војна бил офицер на српската војска во Кралството Србија.Радивој Бојовић, Мала споменица поручника Драгољуба Михаиловића, Графика Јуреш, Чачак, 2003.

По германската окупација на Кралството Југославија, Михаиловиќ се повлекол во планините каде што организирал групи на герилци познати како „четници“Encyclopedia Americana vol. 19 p. 55. по примерот на Четничката организација, официјално именувана како „Југословенската армија во татковината“, била основана како ројалистичко - националистичко српско движењето на отпорот, но до крајот на 1941 година нејзиното влијание било потиснато од партизаните.http://www.bbc.co.uk/history/worldwars/wwtwo/partisan_fighters_01.shtml#two Од почетокот на 1942 година, четниците започнале соработка со италијанските сили, а по падот на Италија, со германските окупациски сили.David Martin, Ally Betrayed: The Uncensored Story of Tito and Mihailovich, (New York: Prentice Hall, 1946), p. 34

По војната, генералот Михаиловиќ бил осуден за велепредавство и воени злосторства од страна на комунистичката власт, по што тој бил погубен со стрелање и погребан на тајна локација. Природата, обемот и одговорноста за соработка и етничките масакри остануваат контроверзни.

Михаиловиќ е еден од најодликуваните офицери во историјата на модерната српска држава, а последната награда му била доделена посмртно од страна на американскиот претседател Хари Труман во март 1948 година. Тој му го доделил орденот Легија за заслуга од прв степен, поради организирање и раководење на отпорот против силите на Тројниот пакт во окупирана Југославија, за спасување на соборени американски пилоти и за помош за победата на Сојузниците во Втората светска војна.Републичка асоцијација за неговање тековина Равногорског покрета. ravna-gora.org

На 14 мај 2015 година, вишиот суд во Белград донел одлука за судска рехабилитација на генералот Михаиловиќ, со што ја поништил пресудата донесена на 15 јули 1946 година и нему му биле вратени сите граѓански права. Судот утврдил дека Михаиловиќ бил осуден во незаконски процес, поради идеолошки и политички причини и дека сите одлуки се на Врховниот суд на ФНРЈ се сметаат за ништовни, така што Михаиловиќ се смета за неосудувано лице. Инаку, првото барање за рехабилитација на Михаиловиќ го поднесол неговиот внук Воислав во 2006 година, а подоцна, во 2009 година, на барањето се придружиле уште неколку српски граѓански здруженија, политички партии и професорот Смиља Аврамов. Оваа одлука предизвикала бурни реакции: од една страна, неа ја поздравиле Воислав Шешељ и принцот Александар Караѓорѓевиќ, а од друга страна, таа биал остро осудена од голем број хрватски политичари.„Србија го рехабилитира четникот Дража Михајловиќ, Хрватска во шок“, Дневник, година XIX, број 5766, петок, 15 мај 2015, стр. 16-17.

Извори

Категорија:Православни христијани од Србија Категорија:Четници Категорија:Српски националисти Категорија:Српски антикомунисти Категорија:Срби од Балканските војни Категорија:Срби од Првата светска војна Категорија:Срби од Втората светска војна Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава