Каденција — диференцирање на грбовите за помладите наследници на грбоносецот. Во хералдичките традиции каде грбовите се исклучиво лични, (на пр. во англиската и шкотската хералдика), каде еден грб може да биде истовремено грб само на еден човек, тогаш неговите синови користат диференцирани грбови. Диференцијацијата може да се извши на неколку начини:
промена на бојата — најстар начин е со промена на бојата на штитот или на амблемот. додавање на чесна фигура — во времето кога грбовите сè уште биле едноставни, диференцијацијата се изведувала со дадавање на чесна фигура. промена на амблемот — претставува случај кога се менува амблемот, но нивниот распоред и боја останува ист. промена на бројот на амблемите — практика која се применува кога на диференцираниот грб се менува бројот на амблемите. додавање на бризура — најчестиот начин на изразување на каденција, преку внесување на дефинирани амблеми на недиференцираниот штит.
Наводи
Литература Robert Gayre of Gayre and Niggs, Heraldic Cadency, Faber and Faber Ltd. London, 1961
Категорија:Хералдика