Грумази — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Потекло и значење на името

Името на селото се поврзува со неговата местоположба, бидејќи се добива впечаток како да е сместено на некое грло, кое на албански се нарекува „грумаз“. Според друга легенда, населбата била основана од сточари од некојси Груман.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на селото

Селото се наоѓа во Битолското Поле, сместено во средишниот дел на територијата на Општина Новаци, чиј атар се издига на јужната падина на Селечка Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1.090 метри. Од градот Битола е оддалечено 23 километри. Од општинското средиште Новаци е оддалечено 17 километри.

Грумази е планинско село, сместено на над 1.000 метри надморска височина. Се наоѓа на самата граница помеѓу Битолскиот крај и Мариово. Околу селото се наоѓаат повеќе возвишенија погодни за сточарство.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Страишта, Кокошар, Неврокоп, Џаула, Арамиов Рид, Гарван, Градска Река, Присој, Извор или Бела Чешма, Црква, Сива Вода и Градска Чешма.

Селото има збиен тип. До него води земјен пат, кој започнува од селото Долно Орехово.

Историја

Грумази е старо село. Во пишаните извори се споменува во првата половина на век (1620-1650 г.). Легендата за основањето на селото е дека било основано заедно со соседното мариовско село Груништа од двајца браќа. Братот кој го основал Грумази се викал Трајко (според кажување на Ѓорѓи и неговиот родослов Ѓорѓи-Петко-Петре-Трајко). Во минатото помеѓу овие две села важело правилото да не се склопуваат бракови помеѓу мештаните.

Првично, селото се наоѓало на висорамнина околу 800 метри северно од денешната местоположба. Таму се наоѓаат главната чешма, црквата и гробиштата. По кажување, стоката постојано бегала од тоа место на денешното. На денешната местоположба нема никакви извори, туку се ископани бунари.

За време на отоманскиот период, селото било насилно преземено од некој Албанец од Корча. Последен сопственик на селото бил Риза-ага, исто така од Корча. Дури во 1924 година селаните се ослободиле од него, откако му платиле 600 „франги“.

За време на Првата светска војна куќите во селото биле срушени, а мештаните две години биле иселени во селото Гнилеш, додека во селото престојувале Италијанци.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 639,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 223,3 хектари, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Поради својата местоположба, селото има погодни услови за сточарство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грумази живееле 80 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Грумази имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брумази се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 6 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.

Селото е мало во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 111 жители, а во 1994 година само 16 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Грумази живееле 15 жители, сите Македонци.

Во 2008 година по неофицијални податоци селото се водело како раселено.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Родови

Грумази е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се: Староседелци или доселеници со непознато потекло: Калешковци (5 к.) и Ричковци (5 к.), потекнуваат од двајца браќа, Ристе и Петре. Таткото им се викал Трајко. Го знаат следното родословие: Ѓорѓи (жив на 95 г. во 1956 година) Петко-Петре-Трајко, основачот на селото. Доселеници: Митревци (1 к.), потекнуваат од селото Пожарско во Меглен (воденско). Од таму во 1926 година се иселиле во мариовското село Будимирци. Па, по некое време преминале во Грумази.

Иселеништво

Се знае дека едно семејство од родот Ричковци се иселило во соседното Паралово.

Најголем дел од населението е иселено во градот Битола и во прекуокеанските земји.

Самоуправа и политика

Во век, Грумази било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел на некогашната Општина Новаци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Грумази, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врањевци, Гнеотино, Горно Агларци, Добромири, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Долно Орехово, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Селото било дел од некогашната општина Суводол во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врањевци, Мегленци, Паралово, Грумази, Орехово и Суводол.

Избирачко место

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Никола“

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0168 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на општински објект на селото Долно Орехово. Во избирачкото место се опфатени населените места: Грумази, Долно Орехово, Врањевци, Паралово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Никола“ (нарекувана и Вознесение Христово) — главната селска црква, градена во 1864 година.

Редовни настани

Слави Спасовден — главна селска слава

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Новаци Битола

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци