Благој Димев Ѓорев (, – Ново Село, Велешко, ) — македонски комунист, учесник во НОБ.

Бил член на СКОЈ од 1940 г, а на Комунистичката партија од 1941 година. Бил младински и партиски активист од 1941 г, еден од првите борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ (од април 1942). Во неговата куќа (1941) се печател партискиот весник „Народен глас“. Бил член на МК на КПЈ за Велес и секретар на СКОЈ (1942). Во Одредот ја извршувал функцијата заменик политички комесар. Учествувал во сите борбени судири со бугарската војска и полиција. Бил убиен во заседа од бугарската полиција.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 505

Во чест на Ѓорев е наречена велешката фабрика за маслени и прехранбени производи ПИ „Благој Ѓорев“, која стопанисува со марката „Кристал“.За нас — ПИ „Благој Ѓорев“

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Луѓе од Велес