Алексеј Христов Дума (Битола, 16 септември 1948) ― македонски специјалист по судска медицина, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Дипломирал медицина во Скопје во 1973, докторирал на тема за хуманата серумска холинестераза од форензичен аспект во 1986 година.

Во 1988 година, тој станал директор на Институтот за судска медицина и криминалистика и шеф на Катедрата. Бил претседател на Лекарската комора на Македонија во 1992. Соработувал со установи во Европа и со Колумбија универзитетот во Њујорк, каде што бил посетувачки професор. Учествувал во остварувањето на меѓудисциплинарниот меѓународен проект за невропатолошки студии кај хронични хоспитализирани болни од шизофренија и за ткивните невропатолошки изучувања кај тешки психијатриски болести. Основал лабораторија за примена на рекомбинантна ДНК технологија во судската медицина, која добила дозвола за одредување на присуството на психоактивни соединенија во биолошки материјал. Остварил меѓународна соработка со Германија и со Бугарија, со учеството во идентификацијата на жртвите кај масовни сообраќајни несреќи. Тој е автор на над 130 трудови. Член е на Меѓународното здружение за судска медицина.

Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски Власи Категорија:Југословенски Власи Категорија:Македонски медицински лица Категорија:Југословенски медицински лица Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје