Космос-1514, познат и како Бион-6 и Биокосмос-6 — еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.
Податоци Општи податоци Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 8 декември 1983 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од носечка ракета. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 5700 килограми. Космос-1514 бил сателит наменет за биолошко истражување. Бил спроведен експеримент, при што два мајмуна се наоѓале во сателитот и на нив бил вграден систем на сензори за следење на протокот на крвта низ каротидната артерија. Покрај тоа, бил спроведен и експеримент со испраќање на 18 глувци, со цел да се испитаат ефектите на микрогравитација и зрачење. По завршувањето на експериментот, глувците донеле на свет здрави младенчиња. Мисијата на сателитот траела 5 дена.
Орбитални податоци Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата.
Поврзано Космос (програма)
Литература Податоци за сателитот — НАСА
Надворешни врски Податоци за сателитите во табеларен облик
Категорија:Сателити „Космос“ Категорија:Космонаутиката во 1983 година Категорија:Вселенски летала пуштени во 1983 година