Леонардо Фибоначи (), роден Леонардо Боначи () или само Фибоначи ( – ) — италијански математичар from the Република Пиза. Се смета за „најнадарениот западен математичар во средниот век“.

Ги популаризирал индоарапските бројки во западниот свет преку своето дело „Книга за абакот“ (Liber Abaci) од 1202 г. и ја вовел низата на Фибоначиеви броеви, која ја дава како пример во делото.

Животопис Роден е околу 1170 г. во семејството на Гуљелмо, трговец и царински службеник. кој раководел со трговска испостава во Бужа, денешна Беџаја, Алжир. Патувал со татка си како дете и го стекнал образованието во Бужа, каде ги научил индоарапските бројки.

Фибоначи патувал околу Средоземјето и се среќавал со многу трговци, учејќи ги нивните системи на аритметика. Набргу ги согледал многуте предности на индоарапскиот систем, кои, за разлика од тогаш користените римски бројки, овозможувале лесно пресметување со употреба на положбен запис. Во 1202 г. го завршил делото „Книга за абакот“, преку кое го популаризирал овој броен систем во Европа.

Бил гостин на царот Фридрих II, кој бил љубител на математиката и науката. Дворјанинот Јован Палермски му поставил на Фибоначи неколку задачи од арапските математички книги. Во 1240 г. Република Пиза го почестила Фибоначи со редовна плата како благодарност за неговите заслуги во својство на советник за сметководство и подучувач на граѓаните.

Се смета дека починал во Пиза некаде помеѓу 1240. и 1250 г..

Книга за абакот мини|Страница од „Книга за абакот“ Во „Книга за абакот“ (Liber Abaci, 1202), Фибоначи го вовел т.н. „начин на Индијците“, денес познат како индоарапски систем, со десет цифри (вклучувајќи ја нулата) и положбен запис. Книгата ја покажала практичната употреба и полезност на овој приод, применувајќи ги цифрите во книговодството, претворање на мери и тегови, пресметка на камати, менување на валути и други нешта. Била добро примена меѓу образованите слоеви во Европа и извршила темелно влијание врз европската мисла. Замената на римските бројки, нивниот староегипетски начин на множење и употребата на сметалка биле голем исчекор во олеснувањето на деловните пресметки, што придонело до развојот на банкарството и сметководството на континентот.

Изворниот ракопис на книгата од 1202 г. се смета за изгубен. Зачуван е примерок од 1228 г., каде првиот оддел го претставува бројниот систем и го споредува со други како римските бројки, и дава начини на претворање. Вториот оддел ја образложува неговата примена во деловното работење, на пример за претворање на различни валути и пресметка на добивката и каматите, од голема важност за растот на банкарството. Во неа се обработуваат и ирационалните и простите броеви.

Фибоначиева низа

Делото „Книга за абакот“ поставило и решило проблем за прирастот на бројот на зајаците врз основа на идеализирани претпоставки. Решението, пококление по поколение, било низа од броеви подоцна наречени Фибоначиеви броеви. Иако книгата го содржи првиот опис на оваа низа надвор од Индија, во самата индија таа е опишана уште во VI век.Hall, Rachel W. Math for poets and drummers . Math Horizons 15 (2008) 10–11.

Во Фибоначиевата низа, секој број е збир од претходните два броја. Фибоначи ги изоставува нулата и првата единица што се набројуваат денес, и ја почнува низата со 1, 2, 3, ... . Сметањето го извел до тринаесетто место, вредноста 233, иако друг ракопис оди до следното, 377. Фибоначи не се занимавал со златниот пресек како граница на односот на последователни броеви во низата.

Оставнина Во XIX век во Пиза е подигната статуа на Фибоначи. Денес таа се наоѓа во западната галерија на Монументалните гробишта, сместени на Пјаца деи Мираколи.

Постојат разни математички концепти наречени по Фибоначи поради нивната врска со Фибоначиевите броеви. Такви примери се Брамагупта–Фибоначиевиот идентиет, Фибоначиевата техника на пребарување и Пизановиот период. Beyond mathematics, namesakes of Fibonacci include the asteroid 6765 Фибоначи..

Дела „Книга за абакот“ (Liber Abaci, 1202) — книга за пресметки „Практика на геометријата“ (Practica Geometriae, 1220) — прирачник со техники за геодетски премер, мерење и разбивањето на плоштини и зафатнини, како и други теми од практичната геометрија. „Цвет“ (Flos, 1225) — решенија на проблеми поставени од Јован Палермски „Книга за квадратите“ (Liber quadratorum, 1225) — за Диофантовите равенки, посветена на царот Фридрих II . „На попрост начин“ (Di minor guisa) — за трговска аритметика (изгубена) „Коментар на Книга X од Евклидовите Елементи“ (изгубена)

Поврзано Фибоначиева низа Аделард Батски

Белешки

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Леонардо Фибоначи, Ристо Малчески Напис за Леонардо Фибоначи, ЕНаука Фибиначиевите броеви, Теоријата на Елиот и тргувањето со хартии од вредност, Владимир Јорданов, Математички омнибус, 2021 Liber Abaci („Книга за абакот“) во оригинал, Библиотека Августана

Категорија:Италијански математичари Категорија:Теоретичари на броевите Категорија:Геометри Категорија:Луѓе од Пиза Категорија:Родени во 1170-тите Категорија:Починати во 13 век