мини|десно|Росточкиот универзитет, еден од најстарите универзитети, основан во 1419.

Росток () — најголемиот град во северниот дел на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Росток се наоѓа на реката Варнов; округот Варнеминде 12 километри на север од центарот на градот се наоѓа на брегот на Балтичкото Море.

Росток е дом на еден од најстарите универзитети во светот, Росточкиот универзитет основан во 1419.

Територијата на градот Росток се протега околу 20 километри долж реката Варнов до Балтичкото Море. Најголемиот дел од градот се наоѓа на западната страна на реката. На источниот дел на неговата територија се наоѓаат индустриски објекти и шумата Ростокер Хајде.

Географија

мини|Сателитска слика на Росток мини|Градските делови на Росток

Росток се наоѓа во близина на средината на брегот на Балтичкото Море во Мекленбург-Западна Померанија. Низ градот поминува реката Варнов.

Приморскиот дел на Росток, Росток-Варнеминде, е околу 16 километри на север од историскиот стар дел на градот. Западниот и југоисточниот дел се најнаселени делови на градот. Морското пристаниште е на исток од Росток. Росток се протега на 21,6 километри од Балтичкото Море на југ и 19,4 километри од исток на запад.

Градски делови

Територијата на Росток е поделена 31 градски дел. За статистички цели оформени се 21 градски округ (обележани со букви). Понатаму некои градски делови се поделени на свои посебни делови. Сите овие делови припаѓаат на еден од петте градски зони: Северозапад 1, Северозапад 2, Исток, Запад и Центар.

Градски дел Зона Површина(км²) Жителина 31.12.2011 Варнеминде Северозапад 1 5,9 6.670 Дидрихсхаген Северозапад 1 4,4 1.281 Маркгрофенхајде (Валдзидлунг) Северозапад 1 6,5 563 Хое Дине (Ан дер Зе, Јахтхафен) Северозапад 1 5,2 620 Хинрихсхаген (Ерих-Вајнерт-Зидлунг, Валенштајнслагер) Северозапад 1 15,9 199 Витхаген (Мајерсхаусштеле) Северозапад 1 16,8 133 Торфбрике Северозапад 1 11,0 52 Лихтенхаген (Клајн Лихтенхаген, Остзевеле, Меленкамп, Зидлунг Грабовер Штрасе) Северозапад 2 5,9 13.854 Грос Клајн (Литен Клајн-Дорф, Дененберг, Грос Клајн-Дорф) Северозапад 1 2,8 12.920 Литен Клајн Северозапад 2 3,6 17.000 Еверсхаген (Еверсхаген-Зид, Еверсхаген-Дорф, Обстплантаже, Шутов) Северозапад 2 7,0 16.616 Шмарл (Маринее, Шмарл-Дорф) Северозапад 1 5,8 8.203 Ројтерсхаген (Ројтерсхаген I, Ројтерсхаген II, Компонистенфиртел, Форведен, Шутов) Запад 5,7 17.901 Ханзафиртел Запад 2,0 8.593 Гартенштат/Штатвајде Запад 4,8 3.314 Крепелинер-Тор-Форштат (Брамов) Центар 3,7 19.250 Зидштат Центар 5,6 14.515 Бистов Центар 3,8 2.918 Штатмите (Нердлихе Алтштат, Штајнторф-Форштат, Далвицхоф, Штатхафен) Центар 5,3 18.101 Бринкмансдорф (Алт Бартелсдорф, Рикдал, Остхафен, Вајсес Кројц, Валдеслуст, Касебом) Центар 10,3 8.231 Диркоф-Ној (Дирковер Хее) Исток 2,2 10.552 Дирков-Ост Исток 0,5 1131 Дирков-Вест Исток 1,0 1.192 Тојтенвинкел Исток 3,7 13.239 Гелсдорф (Лангенорт) Исток 6,5 3.874 Хинрихсдорф Исток 3,5 224 Крумендорф (Олдендорф, Варновранде) Исток 6,0 300 Нинхаген Исток 5,2 588 Пец Исток 11,8 12 Штутхоф Исток 5,7 69 Јиргесхоф Исток 3,2 12

Клима

Историја Рана историја

мини|лево|upright|Потврда за градскита права во 1218

Во век Полапските Словени основале населба на реката Варнов наречена Roztoc (што означувало проширување на река); името Росток потекнува од тоа име. Данскиот крал Валдемар I го наредил градскиот пожар во 1161.

Потоа, местото било населено од германските трговци. Првично, имало три различни града:

Стар град (Altstadt) околу Стариот плоштад (Alter Markt) со Црквата Св. Петар (St. Petri), Среден град (Mittelstadt) околу Новиот плоштад (Neuer Markt) со Црквата Св. Богородица (St. Marien) и Нов град (Neustadt) околу Хмељскиот плоштад (Hopfenmarkt, сега Универзитетски плоштад) со Црквата Св. Јаков (St. Jakobi, сега уништена).

Ханза

Подемот на градот започнал со членството во Ханзата. Во век бил моќен поморски пристаништен град со 12.000 жители и најголем град во Мекленбург. Бродовите за крстарење во Балтичкото Море се граделе во Росток. Во 1419, еден од најстарите универзитети во Северна Европа, Росточкиот универзитет, бил основан.

до век

На крајот на век војводите на Мекленбург го наследиле правото за владеење со градот Росток, кое дотогаш било само номинално право на владеење и всушност градот бил независен. Тие го искористиле бунтот, познат како Domfehde, неуспешно востание на сиромашното население. Постојаните конфликти со војводите и постојаното ограбување довело до опаѓање на економската и политичката моќ.

мини|десно|План на Росток во 1780-90

Стратегиската местоположба на Росток ја провоцирала морнарицата на соперниците. Данците и Швеѓаните го окупирале градот двапати, прво во текот на Триесетгодишната војна (1618–48) и повторно од 1700 до 1721. Подоцна, Французите, под Наполеон, го окупирале градот околу една деценија до 1813. Тоа било во соседниот Либек-Ратекау дека Блихер, кој бил всушност роден во Росток и кој бил еден од неколкуте генерали кои се бореле по Битката кај Јена, им се предале на Французите во 1806. Ова било веднаш по бесните улични борби во Битката кај Либек, во која тој ја предводел коњаницата; исцрпените Пруси, со време се предале, немале ниту храна ниту муниција.

век

мини|Вообичаено шарени куќи со калкани во Росток

Во првата половина на век Росток ја повратил поголемиот дел од неговата економска важност, во прво време се должело на трговијата на пченицата, а од 1850-тите на индустрија, особено на неговата бродоградбена индустрија. Првиот произведен пропелер во Германија бил конструиран овде.

Градот се зголемил и во големина и во население, со нови квартови кон југ и запад од древните граници на градот. Два значајни настани влијаеле кон зголемување на населението околу 1900: Штајнтор-Форштат (Steintor-Vorstadt) на југ, се протега од стариот градски ѕид до објектите на новата железничка станица (Lloydbahnhof, сега Главната железничка станица). Било дизајнирано да биде станбен четврт и се состоел главно од големи семејни куќи, единствено населени од богатите граѓани. Крепелинер-Тор-Форштат (Kröpeliner-Tor-Vorstadt) на запад, дизајниран како станбен кварт за работничкото население како и за објекти за мала и средна индустрија, како што се Mahn & Ohlerich's Brewery (сега Hanseatische Brauerei Rostock). Главното бродоградилиште, Neptun било во близина на брегот на реката.

век

мини|десно|Росток во 1910

Во век, важни авионски производствени капацитети се наоѓале во градот, како што се Arado Flugzeugwerke во Варнеминде и Heinkel со објекти на различни места. Во своите објекти во Росток-Марине да го направат тест-авионот, светски познатиот авион-џет ги направил и своите пробни летови. Авионската индустрија доживеала катастрофа на крајот на Втората светска војна.

Големи делови од центарот на градот биле уништени во Втората светска војна од сојузничкото бомбардирање во 1942 и 1945. Преку обновата и понатамошното проширување, градот станал главен индустриски центар на Источна Германија со пристаништето, кое се развило како првична порта кон светот. Многу од историскиот центар бил верно изграден и големиот дел од историскиот карактер се повратил. Ова вклучувала неколку згради, со карактеристични вертикални тули — одлика на градовите на Ханзата.

мини|лево|Разорениот Росток во 1942 г.

По повторното обединување на Германија во 1989/1990, Росток ја изгубил своето претходно повластено место како главно морско пристаниште во поранешната Источна Германија и станал само едно од неколкуте германски пристаништа, сега сместено во еден од најмалку индустријализираните области на обединета Германија. И покрај големите инфраструктурни инвестиции, економијата на градот опаѓала во 1990-тите, но сега повторно расте.

Населението на Росток се намалило од околу 260.000 во 1989 на околу 200.000 денес, првично поради субурбанизацијата, но исто така и поради емиграција во попросперитетните западни региони на Германија.

Политика Симболи

мини|десно|Грб мини|Motto: Во рамките на твоите ѕидови може да биде хармонија и среќа

Во долгата историја на Росток, градот имал три различни грбови познати како Signum, Secretum и Sigillum. Сигнум, кој може да се проследи до 1367, бил донесен последен и сè уште е грб на градот.

Знамето отсликува златен грифон на сина позадина, како и боите на Ханзата, сребрена и црвена. Грбот не само што може да се види на знамиња, куќи и автобуски постојки, туки и на мостови, олуци, огради, бродови и ресторани.

Администрација

Од век, владејачко тело со градот е Градскиот совет (Rat), прво составен од десет, подоцна од 24 олдермени (Ratsherren). Претседавач со советот бил градоначалникот на градот. Во век имало дури три градоначалници. Од 1925, на чело на градот стои некој со титула градоначалник. Избиран со векови од Градскиот совет, сега тој е избиран директно од граѓаните на Росток, по реформата во 2002.

мини|Градско собрание (мешавина на барокен и тулноготски стил)

Градскиот парламент (Bürgerschaft) ги претставува граѓаните. Претставниците се избран на 5 години. Бројот на претставници, моментално е 53.

13 Linke 10 SPD 9 CDU 5 Grüne 4 FDP 4 ЗА РОСТОК - про OB 3 Сојуз за Росток (Rostocker Bund) 5 други

Претседавач на градскиот парламент од Präsident der Bürgerschaft. Тој ги води и ги подготвува седниците и заедно со градоначалникот го претставуваат градот.

Роланд Метлинг (независен), бил избран за градоначалник на Росток во првиот круг со 58,2% од гласачите на 27 февруари 2005.

Партнерски градови

Росток има потпишани договори за партнество со следниве градови:

Шчеќин, Полска, од 1957 Берген, Норвешка, од 1965 Турку, Финска, од 1959 Варна, Бугарија, од 1966 Динкерк, Франција, од 1960 Риека, Хрватска, од 1966 Рига, Летонија, од 1961 Бремен, Германија, од 1987 Антверпен, Белгија, од 1963 Даљен, Кина, од 1988 Орхус, Данска, од 1964 Роли, САД, од 2001 Гетеборг, Шведска, од 1965 Гуам, САД, од 2014

Исто така, Росток е и член на меѓународната мрежа Нова Ханза.

Главни знаменитости Росток

мини|„Двор на Светиот Дух“ (Heiligengeisthof).

Едно од најсликовитите места во Росток е Новиот плоштад (Neuer Markt), со Градското собрание (првично изградено во век во тулна готика, но опширно проширено во век, со додавање на барокна фасада и салата за банкети. Исто така на плоштадот се наоѓаат шест оригинални, убаво обновени куќи со калкани од и век. Другите историски градби во ханзеатски стил кои некогаш се наоѓале на плоштадот биле уништени во сојузничкото бомбардирање во 1942 и обновени во едноставен стил.Bomben auf Rostock; H.-W. Bohl, B. Keipke, k. Schröder; Konrad Reich Verlag 1995

Керкхофхаус (Kerkhofhaus) од век (веднаш зад Градското собрание) се смета за најдобро сочувана готска куќа со тули во Росток.

Црквата Свети Богородица (Marienkirche) — импозантна црква во тулна готика. Изградена во век, била проширена и изменета кон крајот на век во моментов крстообразна базилика. Огромната кула не била завршена сè до крајот на век. Внатре се наоѓа астрономски часовник, поставен во 1472 од Ханс Дирингер.

мини|лево|Крепелинер Штрасе (Kröpeliner Straße) - главната шопинг-улица.

Главната пешачка улица е Крепелинер Штрасе (Kröpeliner Straße), која води источно од Новиот плоштад до Крепелинската порта (Kröpeliner Tor) од век, поранешна градска порта. Главната зграда на Росточкиот универзитет се наоѓа на Универзитетскиот плоштад (Universitätsplatz), во близина на средината на улицата, пред фонтаната за младоста (Brunnen der Lebensfreude).

Манастирот Св. Катарина (Kloster St Katharinen), некогашен францискански манастир основан во 1243 и прошируван неколкупати во текот на и век. Сега е дом на Академијата за музика и театар.

Црквата Св. Никола (Nikolaikirche) во тулна готика, која е најстарата црква во Росток, е изградена во средината на век. Била тешко оштетена во текот на Втората светска војна и потоа обновена. Сега објектот се користи како изложбен центар и концертна сала, поради нејзината извонредна акустика.