thumb|200px|Местоположбата на регионот Келн/Бон во Германија
Регионот Келн/Бон (германски: Region Köln/Bonn или Metropolregion Köln/Bonn) — метрополитенска област во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, покривајќи ги градовите Келн, Бон и Леверкузен, како и окрузите Рајнско-бершки, Горнобершки, Рајна-Ерфт и Рајна-Зиг. Регионот покрива површина од 3.839 км² со 3,13 милиони жители (густина на население од 815/км²).
Регионот Келн/Бон е основан од локалните власти на административниот округ Келн во 1992, врз основа за промовирање на заедничките политики во регионалното и урбаното планирање, сообраќај, развој и инвестиции. Најистакнатите кооперации се аеродромот Келн/Бон и Verkehrsverbund Rhein-Sieg (Сообраќаен сојуз Рајна-Зиг). Регионот Келн/Бон се наоѓа во рамките на поголемиот регион Рајна-Рур и претставува баланс на поинтегрираната Рурска област, која исто така се наоѓа во рамките на Рајна-Рур. Од 2008, студиите ги земаат предвид и градовите од регионот Долна Рајна (најпознат е градот Диселдорф) во регионот, со цел да го оформат т.н. метрополитенски регион Рајнска област (Metropolregion Rheinland)http://www.region-koeln-bonn.de/de/themen/metropolregion_koelnbonn/index.html.
Поголеми урбани зони
Евростат со програмата Urban Audit го дели регионот Келн/Бон на две Поголеми урбани зони (ПУЗ). Тие две урбани зони не го покриваат Горнобершкиот округ.
Поголема урбана зона Поголеми градови Површина Население Поголема урбана зона Келн 1.627 км² 1.873.580 Келн 405 км² 996.690 Бершки Гладбах 83 км² 110.217 Леверкузен 79 км² 161.279 Поголема урбана зона Бон 1.295 км² 908.503 Бон 141 км² 316.416 Регион Келн/Бон 2.922 км² 2.782.083
Поврзано
Рајна-Рур Рур (област) Метрополитенски области во Германија
Наводи
Надворешни врски
Регион Келн/Бон Регионален маркетинг Келн Бон
Категорија:Географија на Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Географија на Келн Категорија:Бон Категорија:Леверкузен Категорија:Рајнска област Категорија:Метрополитенски области во Германија Категорија:Региони во Германија Категорија:Региони на Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Региони во Северна Рајна-Вестфалија