Историјата на Руската Федерација претставува дел од историјата на Русија и го опфаќа периодот од 1992 до денес. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз на 26 декември 1991 година, Руската Федерација стана незавсна држава.

Русија е најголема од петнаесетте републики кои го сочинувале Советскиот Сојуз, со повеќе од 60% од БДП и над 50% од советското население. Русите, исто така, доминирале и во советската војска и на Комунистичката партија. Главно поради ова, Русија била широко прифатена како наследник на Советскиот Сојуз во дипломатските работи и го презела правото на вето во Советот за безбедност.

Но и покрај ова прифаќање, пост-советска Русија немала воена и политичка моќ како поранешниот СССР. Пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, Борис Елцин бил избран за претседател на Русија во јуни 1991 година во првите слободни демократски претседателски избори во руската историја. Во октомври 1991 година, во времето кога Русија била на работ на независност, Елцин најавил дека Русија ќе продолжи со радикални пазарни реформи по должината на границата со Полска, исто така позната како „шок терапија“.

Распаѓање на Советскиот Сојуз thumb|Руската економија по падот на Советскиопт Сојуз

Пред распаѓањето на СССР, земјата имала втора по големина економија во светот, веднаш по САД. таа се засновала врз системот на државна сопственост управувана преку Госплан, Госбанка и Госнаб. До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база.Вилијам Одом, колапсот на советската армија, Yale University Press, 1998, стр јануари Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра.LaFeber 2002, стр. 332. Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985 година, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз.LaFaber 2002, стр. 331-333 За да ја спаси економијата од колапс, Михаил Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.

Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна."Студена војна," Речник на светската историја. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press. До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990. Во август 1991 година се случил т.н. Августовски пуч, или обид за отстранување на Михаил Горбачов од функцијата Претседател на Советскиот Сојуз. Обидот бил организиран од група конзервативно настроени заговорници од раководствата на ЦК на КПСС, Владата на СССР, армијата и КГБ, во периодот од 19 август до 21 август 1991 година. Водачите на превратот сметаат дека реформската политика на Горбачов отишла предалеку и дека новиот Сојуз на суверените држави, кој Горбачов започнал да го основа, обезбедувал премногу самостојност на републиките. Иако превратот бил неуспешен и истиот траел само два дена, настанот во голема мера го дестабилизирал Советскиот Сојуз и помогнал да се забрани КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз до крајот на годината.

СССР официјално се распаднал на 25 декември 1991 година. Конечниот чин било со предавање на власта на Советскиот Сојуз и преземање на власта во Русија од страна на Борис Елцин. Руската Федерација официјално започнала да постои на 26 декември 1991 година.

Први години Шок терапија thumb|Борис Елцин

Реализацијата на едни од најголемите светски производители од државна во пазарна економија започнала сосема тешко, без оглед на политичкиот живот кој владеел во земјата. Новата држава требало да се соочи со тешката транзиција преку либерализацијата, стабилизацијата и приватизацијата. Овие нови политики во Русија главно се засновале на т.н. Вашингтонски концензус поддржан од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, и американското Министерство за финансии.

Самата програма на либерализација и стабилизација била дизајнирана од вицепремиерот на земјата, Егор Гајдар, кој во тоа време бил на само 35 години и бил претставен како либерален економист кој е склонет кон радикални реформи и кој широко ја застапувал тезата на т.н. шок терапија. Шок терапијата започнала само неколку денови по распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога на 2 јануари 1992 година, рускиот претседател Борис Елцин наредил да се започне со либерализација на надворешната трговија, цените и валутата. Ова значело ослободување од советската ера кога цените биле контролирани од самата држава. Целта била да се отстранат субвенциите кон државните претпријатија и да се овозможи увоз на рускиот пазар со цел да биде намалена силата на државните и локалните монополи.

Делумните резултати од либерализацијата (односно укинувањето на контролата над цените) довеле до голема хиперинфлација во земјата, првично поради монетарната политика и големата скептичност која постоела во елциновите реформи. Многу бргу по создавањето на новата руска држава, таа се соочила со можност од банкротирање. Процесот на либерализација во земјата создал победници и губитници, во зависност од индустријата на претпријатието, како и во зависност од класите, старосните групи, етничките групи, области и други сектори во руското општество. Од самата либерализација и приватизација дошло да победниците се оформат како нова класа на претприемачи и група на луѓе. Од друга страна пак, фиксните приходи го загрозил животниот стандард на голем број од населението, а самите заштеди на луѓето биле буквално избришани од нивните сметки.

Големината на инфлацијата, како и програмата на стабилизацијата довеле до зголемување на каматните стапки на рекордно ниво, што предвидувало до големи даноци, намалување на владините субвенции за индустријата и градежништвото, намалување на државната помош кон социјалните случаи. Голем број на претпријатија се нашле на прагот на банкрот, затворајќи голем дел од истите и долготрајна економска депресија.

Економската депресија и социјално пропаѓање

Руската економија потонала во длабока депресија кон средината на 1990-тите години. Финансиската криза во земјата владеела до 1998 година, кога во периодот од 1999-2000 година започнала да покажува позитивни резултати. Според руските владини статистики, економската депресија во Русија била многу потешка за разлика од големата депресија во САД на бруто-домашниот производ.

По економскиот колапс на земјата во 1990-тите години, Русија страдала од нагло зголемувае на стапката на невработеност и сиромаштија, како и од економска нееднаквостThe poverty line in 1993 was set at the equivalent of $25 per month. The difference in estimates is due to the difference in methodology. The higher poverty rate is based on a calculation of household incomes. The lower rate is based on household consumption, since households tend not to report some portion on the monthly income.. Врз основа на проценките од Светска банка и нејзините маркоекономски податоци на приходите и расходите, во почетокот во Русија имало околу 1,5% сиромашно население, за разлила од 1993 и 1994 година, кога тој процент се зголемил на дури 49% од населениетоBranko Milanovic, Income, Inequality, and Poverty During the Transformation from Planned to Market Economy (Washington DC: The World Bank, 1998), pp.186–90.. Приходите по жител се намалиле за уште 15% во 1998 година, според владини податоци.

Според здрствените индикатори, во 1999 година бројот на населението се намалило, животниот век паднал од 64 години во 1990 до 57 години во 1994 година за мажи, додека кај жените се намалил од 74 години на 71 година. Во исто време бил зголемен и бројот на смртни случаи кај младите луѓе, зголемувајќи го процентот на убиства, самоубиства, сообраќајни незгоди. Според податоци од 2004 година, животниот век постигнал пораст, но процентите биле далеку од оние во 1990 година. Во 1990-тите години бил намален и процентот за стоки за широка потрошувачка. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, земјата сè уште го немала отворено својот пазар за увоз. Куповната моќ на населението значително се намалила.

До 2004 година, просечниот приход во земјата се зголемил за повеќе од $ 300 месечно. Ова најмногу се должи на високата цена на нафтата на пазарот. Сепак, растечкиот приход не е рамномерно распределен во сите области на економијата.

Периодот од 1993 до 1996 Уставна криза (1992-1993)

Кризата била предизвикана од спротивставувањето на две политички сили: од една страна - Претседателот на Руската Федерација - Борис Елцин и контролираната од него извршна власт, а од друга страна - раководството и поголемиот дел од пратениците во Врховниот совет и Собранието на народните пратеници, на чело со Руслан Хасбулатов и потпретседателот на Русија - Александар Руцкој.

Уставната криза во земјата станала како последица на промените во уставниот уред, новиот Устав и социо-економскиот развој на Руската Федерација. Претседателот барал брзо усвојување на новиот Устав, зајакнување на претседателската власт и либерализација на економските реформи. Од друга страна Врховниот совет и Собранието на народните пратеници барале задржување на целата власт на парламентот и биле силно против новите реформи односно шок-терапијата. Поддржувачите на Врховниот совет се надевале на сегашниот Устав, според кој (страна 104) највисок орган на државната власт на Руската Федерација е парламентот.

Односите помеѓу претседателот и парламентот се влошиле во толку голема мера што Елцин на 21 септември го распуштил законодавството во земјата, и покрај тоа што тој немал овластување за истото во тоа време. Елцин ги икористил резултатите од референдумот од април 1993 година за да ги оправда своите постапки. Во одговор на тоа, парламентот изјавил дека одлуката на претседателот беша поништена и неважечка, а заменик-претседателот Александар Руцкој бил прогласен за вршител на должноста претседател.

Кулминација на кризата станала кога настапило големи крвопролевања пред зградата на московскиот градоначалник, пред телекомуникациската кула и при нападот на Белиот дом, каде на 3 октомври 1993 година, според владини проценки загинале 187 лица а 437 биле повредени. Според извори блиски до комунистите, бројот на жртвите бил околу 2.000 луѓе.

Прва чеченска војна

Првата чеченска војна претставува воен конфликт меѓу Руската Федерација и Чеченската Република Ичкерија од декември 1994 до август 1996 година. Конфликтот се водел во Чеченија и неколку населени места во соседните региони на Северен Кавказ со цел да се задржи Чеченија во составот на Руската Федерација.

Причини и тек

thumb|Поглед кон парламентот во Грозни thumb|Руски хеликоптер, преземен од страна на чеченските сили во близина на Грозни