Финска е состои од 19 региони (фин. maakunta, швед. landskap). Со нив раководат регионални совети, кои служат како форуми за регионална соработка помеѓу општините во регионот. Главна задача на регионите е локално планирање и развој на претприемаштвото и образованието и здравството. Регионалните совети се избираат од општинските совети, со исклучок на регионот Каину, чиј совет се бира со народни избори. Бројот на пратеници на една општина во регионалниот совет зависи од бројноста на нејзиното население.

Покрај меѓуопштинската соработка во надлежност на регионалните совети, секој регион има и свој Центар за вработување и економски развој, надлежен да раководи со работната сила, земјоделството, риболовот, шумарството и претприемачки проблематики. Одбранбените сили на Финска имаат регионални служби надлежни за народната одбрана и заштита и регрутирањето за служење на воен рок.

Регионите подобро ги претставуваат културните, лингвистичките и стопанските различности од поранешните покраини, кои биле чисто административни единици на централната власт. Во минатото регионите биле единици во состав на историските покраини, чија поделба највеќе се темелела на наречја и култура.

Во 2010 се создадени шест државни обласни управни служби (Etelä-Suomi, Itä-Suomi, Lounais-Suomi, Länsi-ja Sisä-Suomi, Pohjois-Suomi, Lappi) кои се надлежни за шест области (фин. alue, швед. region) и Оланд како седма. Предивдени се да ги преземат и прилагодат надлежностите на шесте укинати покраини (lääni).

Региони Грб Име Фински Шведски Админ. центар Карта 40п|Лапонија Лапонија Рованиеми 40п|Северна Остроботнија Северна Остроботнија Оулу 40п|Каину Каину Кајани 40п|Северна Карелија Северна Карелија Јоенсу 40п|Северна Савонија Северна Савонија Куопио 40п|Јужна Савонија Јужна Савонија Микели 40п|Јужна Остроботнија Јужна Остроботнија Сеинајоки 40п|Средна Остроботнија Средна Остроботнија Кокола 40п|Остроботнија Остроботнија Васа 40п|Пирканма Пирканма Тампере 40п|Сатакунта Сатакунта Пори 40п|Средна Финска Средна Финска Јиваскила 40п|Исконска Финска Исконска Финска Турку 40п|Јужна Карелија Јужна Карелија Лапенранта 40п|Пеијене Тавастија Пеијене Тавастија Лахти 40п|Исконска Тавастија Исконска Тавастија Хаменлина 40п|Усима Усима Хелсинки 40п|Кименлаксо Кименлаксо Коувола 40п|Оланд ОландАвтономната управа (влада) на Оланд ги има должностите на регионалните совети на копнена Финска. Мариехамн Регионот Источна Усима е припоен кон Усима на 1 јануари 2011.

Поврзано Историски покраини во Финска Административна поделба на Финска

Наводи

Надворешни врски

Регионилни совети на Финска Регионални управи на Финска

Категорија:Административна поделба на Финска Категорија:Списоци за Финска Категорија:Првостепени административни единици на земјите