Ранкинов степен (°R) — интервал на термодинамичката (апсолутна) температурна скала, наречна Ранкинова скала по нејзиниот изумител, шкотскиот инженер и физичар Вилијам Џон Ранкин, кој ја осмислил во 1859 г.
Симболот за ранкин (како име на единица, со мали букви) е °R (или °Ra ако има потреба да се разликува од ремерот и реомирот). Како и кај Келвиновата, нулата на Ранкиновата скала означува апсолутна нула, со тоа што Ранкиновиот степен е еднаков на фаренхајтот, наместо на целзиусот. Температурата од −459,67 °F е еднаква на 0 °R.
Некои инженерски гранки во САД ја мерат термодинамичката температура на Ранкиновата скала.http://www.physorg.com/tags/temperature/ Меѓутоа научниците во целиот свет мерат во келвини. Националниот институт за стандарди и технологија не ја препорачува употребата на ранкинот заедно со неговите стандарди.B.8 Factors for Units Listed Alphabetically - Guide for the Use of the International System of Units (SI), NIST Special Publication 811, 2008 edition, Ambler Thompson and Barry N. Taylor
Еве некои температури на Ранкиновата сакала:
Келвин Целзиус Фаренхајт Ранкин Апсолутна нула(по дефиниција)0 K−273,15 °C−459,67 °F0 °R Точка на мрзнење на водатаТочката на мрзнење на прочистената вода изнесува точно 0,000089(10) Целзиусови степени - вид. 273,15 K0 °C32 °F491,67 °R Тројна точка на водата(по дефиниција)273,16 K0.01 °C32,018 °F491,688 °R Точка на вриење на водатаСтандардна прочистена вода VSMOW при една стандардна атмосфера (101,325 kPa)373,1339 K99,9839 °C211,97102 °F671,64102 °R
Споредба на скали
Наводи
Поврзано Келвин Термодинамичка температура
Категорија:Единици за температура