Перо Ангелов Коробар (, - , )„Македонска енциклопедија“, МАНУ, 737 стр. — македонски општествен деец, прв претседател на Македонскиот уставен суд.
Пред Втората светска војна учествува во револуционерното комунистичко движење. Во 1932 година станува член на СКОЈ, а член на КПЈ во 1940. Затворен е во белградскиот затвор „Главњача“.
Коробар е учесник во НОБ од 1941 година. По ослободувањето ги извршува функциите директор на Државното книговодителство и на издавачката куќа „Култура“ и директор на Републичкиот музеј.
Како културен работник е испратен во Пиринска Македонија во времето на градењето на културната автономија на македонскиот народ, а по враќањето во Скопје врши повеќе функции како: началник на Одделот за надворешни работи во ЦК на КПМ, управник на Македонскиот народен театар, член на Ревизионата комисија на ЦК на КПМ, член на Културно-просветниот одбор на Југославија и потпретседател на Културно-просветниот собор на Југославија и потпретседател на Културно-просветната заедница на Македонија, член на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз, член на Претседателството на Сојуз на борците од НОВ на Македонија и член на Советот на Република Македонија. Во периодот 1963-1974 година Коробар е член и прв претседател на Македонскиот уставен суд.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 26/1963, 1 стр.
Основач е на списанието „Културен живот“ и повеќе од три децении е негов главен и одговорен уредник.
Од 1974 до 1976 година бил претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија.
Творештво
Основната творечка преокупација на Коробар е животот и делото на поетот и револуционер Кочо Рацин. За тоа сведочат публикациите: „Животописот на Кочо Рацин“, „Рацин во моите сеќавања“, „Сеќавања на современиците за Рацин“, „Ликовно видување на животот и творештвото на Рацин“.
Покрај тоа, Коробар е автор на следните монографски трудови: „Македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија“ „Историска вистина“ (во соавторство со д-р Орде Иваноски) „Во меѓународните бригади на Шпанија“ (заедно со Божо Стефановски) „Панко Брашнар“ „Димче Мирчев“ (1983) „Ганчо Хаџипанзов“ (1986)
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски уставни судии