Зиг — река во Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, Германија, именуван по Сикамбри. Таа е десна притока на Рајна и е долга 153 километри.
Изворот се наоѓа во планините Ротхаргебирге. Оттаму, реката тече југозападно кон градот Зиген и ридовите Зигерланд, обете именувани по реката. Понатаму, долината на Зиг ја создава границата на Бергишес Ланд (северно) и Вестервалд (јужно). Реката, конечно тече низ заштитената област источно од градот Бон.
По поминувањето на градовите Хенеф и Зигбург, се приклучува на Рајна близу Нидеркасел/Мондорф, само неколку километри северно од центарот на Бон.
Категорија:Реки во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Притоки на Рајна Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц