Нојверк (герм. Neuwerk) — остров во Ваденското Море на германскиот северен брег и истоимен кварт на градот Хамбург, Германија, во округот Хамбург-Мите. Се наоѓа северозападно од Куксхафен, помеѓу делтите на Везер и Елба, оддалеченоста од центарот на Хамбург е 120 километри. Зафаќа површина од 3 км2 и има 39 жители.
Во текот на ниска плима на островот може да се стигне пешки или со коњ од Куксхафен, во други времиња со брод.
Помалите острови Шархерн и Нигехерн близу Нојверк се резервати за птици, затворени за јавноста. Сите три острови и Ваденското Море околу нив, го сочинуваат Националниот парк Хамбуршко Ваденско Море.
Историја
left|thumb|upright|Светилник во Нојверк од 1369 година thumb|Во оваа воздушна слика на Национален парк Хамбуршко Ваденско Море, островот Нојверк е само малку над средината. Подолу, се наоѓаат Шархерн и Нигехерн.
Најстариот постоечки документ, во кој е спомнат Нојверк е фризиски договор од 1316, каде неговото старо име Nige O е користено.
Откако, реката Елба била витална за членот на Ханзата — Хамбург, во 1299 35-метри висока кула била изградена како светилник и заштита против пиратите. Светилникот постои и денес, бил изграден помеѓу 1367 и 1369 по пожарот, кој го уништил минатиот. Таа е најстарата постоечка зграда во Хамбург, како и дел од последното утврдување на Хамбург.
Поради Законот за поголем Хамбург, Нојверк станал дел од Прусија во 1937 и така по Втората светска војна бил даден на новата покраина Долна Саксонија. Во 1969, Хамбург г поништил постарите права на пристаништен имот во Куксхафен во корист на Нојверк и Шархерн.Закон за договор со покраината Долна Саксонија... (на германски)
Во раниот 20 век, туризмот станал важен за Нојверк.
Демографија
На 31 декември 2007, квартот Нојверк имал 39 жители, 26 жени и 13 мажи. 11 жители биле странци.
Поврзано Ваденско Море Список на острови во Германија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фризиски Острови Категорија:Географија на Хамбург Категорија:Четрти во Хамбург Категорија:Триаголник Елба-Везер Категорија:Острови во Хамбург