Планково време (tP) — единица за време од системот на природни единици наречени Планкови единици. Го претставува времето што ѝ е потребно на светлината во вакуум да пропатува растојание од 1 Планкова должина. Единицата го носи името на нејзиниот изумител, германскиот физичар Макс Планк (1858-1947).

Планковото време се дефинира како:CODATA - Вредности: Планково време – NIST

каде: е намалената Планкова константа (понекогаш во дефиницијата се користи наместо ) G = гравитациска константа c = брзина на светлината во вакуум е единицата за време во SI-системот — секундата.

Двете цифри во заграда ја претставуваат стандардната грешка на проценетата вредност.

Значење Едно Планково време е времето што му е потребно на еден фотон што се движи со брзина на светлината да помине растојание од една Планкова должина. Во теорија, ова е најмалата возможна мерка за време, приближно 10−43 секунди. Во рамките на законитостите на физиката (според денешното сфаќање), времетраењата помали од едно Планково време не можат да се измерат, и во тој интервал не е можно да се забележи никаква промена.

Најмалиот непосредно измерен временски интервал изнесува 12 атосекунди (12 ⋅ 10−18 секунди), - PhysOrg околу 1024 пати поголем од Планковото време.

Оваа единица му припаѓа на полето на математичката физика познато како димензионална анализа, кое се занимава со изучување на мерните единици и физичките константи. Планковото време е комбинација од гравтициската константа G, константата на релативноста c и квантната константа h каде која добиваме константа со единици за време. Кај случувањата во време t што траат пократко од Планковото време, бездиомензионалната величина tP / t е поголема од еден. Димензионалната анализа укажува на тоа дека под овие околности ефектите на квантната механика и гравитацијата би играле значајна улога, со што се јавува потреба од квантна гравитација. Сите научни опити и човекови искуства се случуваат во текот на милијарди милијарди Планкови времиња, па затоа настаните со Планково времетраење се мошне тешки за откривање.

Поврзано Величински редови (време) Хронон

Наводи

Време Категорија:Единици за време Категорија:Физички константи Време