Вилеброрд Снел (; - ) — холандски математичар и астроном.
Снел студирал право на универзитетот во својот роден град Лајден, Холандија, за потоа да премине на студии по математика. Од 1600 година патувал низ Европа и запознал големи научници, меѓу кои Кеплер и Брахе. Во 1608 година се вратил во Лајден и се оженил со Марија де Ланге. Неговиот прв значаен труд „Eratosthenes batavus“ ги претставува темелите на современата геодезија (метод на мерење на Земјата). Исто така, тој објавил студии од астрономија и навигација, но бил запаметен по законот за прекршувањето на светлината.
Извор
Категорија:Холандски математичари Категорија:Холандски астрономи Категорија:Оптичари Категорија:Геодети